Вести
NYT: Турција е еден од најголемите извори на борци за IS
Турција е еден од најголемите извори каде се регрутираат странски борци за екстремистичката група Исламска држава (IS), пишува The NewYork Times повикувајќи се на наводи на турски претставници и медиуми.
Досега околу илјада Турци и се приклучиле на Исламската држава. Како причини за регрутирање, се наведува дека IS има успешен идеолошки пристап до незадоволната младина во Турција, како и до парите кои им се исплаќаат на борците.
Според податоците кои минатата седмица ги изнесе американската разузнавачка агенција CIA, исламската држава во моментов во своите редови вбројува околу 31.500 борци во Ирак и во Сирија.
Турските борци во Исламската држава велат дека повеќе се идентификуваат со екстремниот облик на исламот кој го практикува IS, отколку со турската владејачка партија која има корени во умерени форми на исламот.
Весникот го наведува примерот со Кан, турско 27-годишно момче кое од Анкара заминало во Сирија заедно со десетина свои пријатели и им се приклучило на борците на IS со кои минал 15-дневна обука во камп во сирискиот град Рака кој се смета за штаб на Исламската држава.
Веднаш потоа Кан бил испратен во воените единици. Убил, како што вели, две лица и учествувал во едно јавно погубување. Но дури откако закопал едно лице кое сé уште било живо, му било кажано дека токму сега тој станал вистински борец на Исламската држава, наведува американскиот весник.
Турција, која е членка на НАТО, и која дело долга граница со Сирија и со Ирак, е една од главните сојузнички на Вашингтон во регионот, но досега избегнуваше да се вклучи во новата воена кампања против џихадистите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.