Контакт

Вести

Обама повика на притисок врз IS, ги опомена Русија и Кина

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама во средата во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека ќе продолжи со притисокот врз џихадистите од Исламската држава (IS) истовремено како глобални фактори на ризиците по безбедноста во светот истакнувајќи ги епидемијата на вирусот ебола во западна Африка, „руската агресија во Европа“, „жестокоста на терористите во Сирија и во Ирак“, и Кина која „мора да го ублажи притисокот“.
 

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обама во средата во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека ќе продолжи со притисокот врз џихадистите од Исламската држава (IS) истовремено како глобални фактори на ризиците по безбедноста во светот истакнувајќи ги епидемијата на вирусот ебола во западна Африка, „руската агресија во Европа“, „жестокоста на терористите во Сирија и во Ирак“, и Кина која „мора да го ублажи притисокот“.

 

„И во денешниот свет се шири вознемиреност, чувството дека силите кои не збилижја, создадоа нови закани и предизвици за сите нации кои се оградиле до светските сили“, изјави американскиот претседател Барак Обама во својот речиси 40 минутен говор.

„Додека ние сме собрани тука, вирусот на еболата поразително влијае врз здравствениот систем во Западна Африка, и се заканува со брзо проширување. Агресијата на Русија во Европа потсетува на деновите која големите нации ги загрозуваа малите, следејќи ги своите територијални амбиции“ Суровоста на терористите во Сирија и Ирак не тера да гледаме во срцето на темнината“, рече Обама.

Меѓу другото, Обама рече дека Исламската држава мора да биде уништена и испрати глобален повик до сите држави да и’ се придружат на коалицијата предводена од САД. Непосредно пред неговиот говор, американската авијација по третпат изврши удари врз цели во Сирија и во Ирак.

„Единствениот јазик што тие убијци го разбираат е јазикот на силата. И затоа САД со широката коалиција ќе работат на разбивање на таа мрежа на смртта“, рече Обама

„Денес го повикувам светот да им се придржи на тие напор, а оние кои се придружија на Исламската држава треба да го напуштат боиштето додека уште можат. Нема да им подлегнеме на заканите“, додаде Обама.

Обама истакна дека IS ги тероризира сите на својот пат во Ирак и во Сирија. „Ниеден конфликт не ги оправдува таквите дејствија. Тука нема никакви оправдувања, никакви преговори со овој вид на злото. Единствениот јазик кој тие го разбираат е јазикот на силата“, порача претседателот на САД.

Порача и дека во борбата против терористите САД нема да дејствуваат сами. „Немаме намера да ги испратиме американските војници да окупираат странски земји. Наместо тоа, ќе ги поддржиме Ирачаните и Сиријците кои се орат за обновување на нивните општества. Ќе ги опремиме и обучиме нивните сили да се спротистават на IS. Покрај тоа,, САД ќе работат да го ги пресечат финансирањето на терористите“, рече Обама.

Американскиот претседател потврдувајќи дека САД ќе ја спроведат „програмата“ за обука и вооружување на таканречените „умерени“ сили од сириската сунитска опозиција повика да се даде отпора на терористите од Исламската држава, како и на „жестокоста на режимот на (сирискиот претседател Башар ал-) Асад“.

Што се однесува до изралеско-палестинскиот спор, Обама оцени дека поради насилството што го зафатило регионот „премногу Израелци се подготвени да се откажат од тешката работа на пронаоѓањето мир и дека Израел за тоа мора да размисли“. „Но едно мора да биде јасно, стаусквото на Западниот Брег и во Газ е неодржливо“, порача Обама и додаде дека не може „да дозволиме да се откажеме од напорот на тој план“.

Своето обраќање Обама го искористи и да и упати пораки на Русија дека мировниот договор потпишан во минска на 5-ти септември, инаку претходно договорен меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Петро Порошенко, дава шанса за „патот на дипломатијата“. „Доколку Русија го избере тој пат… тогаш ние ќе го отповикаме нашите санкции и ќе ја поздравиме улогата на Русија во решавањето на заедничките предизвици. САД и Русија можеа тоа да го сторат во минатото, почнувајќи од намалувањето на своите нуклеарни арсенали. До соработката во елиминирањето на декларираното хемиско оружје во Сирија“, истакна Обама. „Тоа е вид соработка која сме подготвени да ја следиме доколку Русија го промени својот став’, рече Обама.

Истовремено американскиот претседател го изнесе ставот дека Русија преземајќи ги дејствијата во Украина „го загрозува (светскиот поредок), воспоставен по (Втората светска) војна“. Русија „внесува оружје на истокот од Украина, провоцирајќи го насилството на сепаратистите во конфликтот, кое однесе илјадници живот“, обвини Обама.

Земјите од азиско-пацифичкиот регион, без директно да ја спомене Кина, ги повика да ги разрешат своите спорови во регионот на мирољубив начин и според стандардите на меѓународното право.

Во однос на Иран, Обама истакна дека „мојата порака до водството и народот е едноставна: не ја испуштајте оваа можност Можеме да договориме решение кое ќе ги задоволува вашите енергетски потреби и истовремено да го смири светот дека вашата (нуклеарна) програма е мирољубива“./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија13 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија16 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија18 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ20 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет21 час

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија21 час

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија21 час

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија22 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ2 дена

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ2 дена

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет2 дена

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија2 дена

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...