Контакт

Вести

Патријархот и Папата повикаа на единство на христијаните и нивна заштита на Блискиот исток

Објавено пред

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на историската средба во кубанската престолнина Хавана изразија желба за обновување на единството на христијаните и повикаа на нивна заштита на Блискиот исток во историската заедничка изјава.

dobivaj vesti na viber

По завршувањето на разговорот набиен со емоции, прва ваква средба по речиси илјада години од црковниот раскол, поглаварот на Католичката и поглаварот на водечката Православна црква изразија жалење „поради раните нанесени во судирите меѓу христијаните во далечното но и во блиското минато“.

„Свесни за бројните пречки кои уште треба да бидат надвладеани, се надеваме дека нашата средба ќе придонесе за обновувањето на тоа единство по волјата Божја“, истакнаа во заедничката изјава потпишана по завршувањето на повеќе од двочасовниот разговор во салонот на аеродромот во Хавана.

„Единството е на добар пат. Разменивме мислења јасно и без табуа“, коментираше папата Франциск за новинарите по разговорите со патријархот Кирил. „Двете Цркви можат да соработуваат за да ги заштитат христијаните во целиот свет“, рече пред новинарите патријархот.

Како и што се очекуваше, двајцата поглавари ја повикаа меѓународната заедница „со итни акции“ да им помогне на христијаните на Блискиот исток. „Ја повикуваме меѓународната заедница на итни акции за да се спречи да бидат протерани христијаните од Блискиот исток (…) Во Сирија и во Ирак, насилството однесе илјадници животи, оставајќи милиони без покрив над главата и без никакви средства, се наведува во текстот од изјавата, која се однесува на последниот погром што го доживуваат христијаните на Блискиот исток, откако екстремните сунитски групи поведоа конфесионална војна во регионот за создавање на нивниот „калифат“.

„Хуманитарна помош од големи размери е неопходна за народите кои патат и за многубројните бегалци во соседните земји“, додадоа двајцата поглавара.

Историската средба на двајцата поглавари започна со прегратката по што следеа повеќе бакнежи во образите и кус разговорот пред камерите на неколкуте фотографи во салонот на хаванскиот аеродром „Хозе Марти“.

„Конечно се сретнавме, ние сме браќа“, изјави папата Франциск додавајќи „Очигледно ова е Божја волја“. „Сега работите се појасни“, изјави патријархот Кирил.

Речиси тричасовните разговори зад затворени врати меѓу папата кој петокот доцна вечерта по средноевропско време долета на Куба пред да замине во петдневна посета на Мексико, и патријархот руски кој од четвртокот се наоѓа во посета на Хавана, беше првата средба на некој поглавар на Католичката црква и патријархот на најголемата меѓу Православните цркви, повеќе од 165 милиони од 250-те милини православни верници во светот), по расколот меѓу Цариград и Рим во 1054 година.

„Тоа патување е полно со ветувања кои толку ги сакавме мојот брат Кирил, самиот јас и Мексиканците“, изјави папата Франциск за новинарите во авионот со кој патуваше кон Хавана.

Папата Франциск истакна дека христијанското единство може да се постигне не со теолошки спорови, туку само преку заедничкото движење напред.

„Еднаш реков: ако се обидуваме да дојдеме до единство преку истражување, преку теологијата, тогаш ќе дојде Господ, а ние сé уште ќе дискутираме. Не, единството ќе не придвижи напред, така кога Господ ќе дојде ќе не сретне сите заедно“, изјави понтификот во разговорите со новинарите за време на летот од Хавана во Мексико.

„Оваа пастирска декларација на двата епископа, кои се соочува со пастирските проблеми, а не е политички или социолошки документ“, го цитира папата главниот уредник на теоретското језуитско списание La Civilta Cattolica, Антонио Спадаро. Станува збор за разговор кој Ватикан попусто се обидуваше да го организира со децении, а конечно беше подготвен во најголема тајност сé до последниот момент, бидејќи отпорите од патријаршиите беа големи. Причините беа недовербата кон Католичката црква, доживувана како прозелитистичка и украинската криза во која гркокатолиците застанаа на страната на владата во Киев која ја има поддршката од САД и ЕУ против православните рускојазични жители кои се мнозинство на украинскиот исток, иако Ватикан ниеднаш и покрај притисоците на политичарите од Западот никогаш јавно не ја осуди наводно руската интервенција во Украина.

„Русија може да даде многу за светскиот мир“, изјави неодамна папата Франциск.

 

Разговорот го подготвуваа митрополитот Иларион, челник на одделот за надворешни работи на Московската патријаршија и швајцарскиот кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање на единството на христијаните.

Расколот меѓу католиците и православните е поврзан со теолошки, но и со историските причини: каролиншкиот Запад сакаше да има влијание врз целиот христијански свет, а Истокот сакаше да ја задржи својата автономија. По пресудната средба на Павле Шести и Атенагора во 1964 година во Ерусалим, имаше многу средби и заеднички изјави на папите и цариградските патријарси, кои се теоретски духовни поглавари на православниот свет, но директно се надлежни за само 3,5 милиони верници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија13 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија13 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија14 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија16 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија17 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија18 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет19 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет19 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија19 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет19 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет19 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет20 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија1 ден

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија1 ден

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија1 ден

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет1 ден

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија2 дена

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија2 дена

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...