Контакт

Вести

Порошенко од САД бара помош поради руската закана

Објавено пред

Украинскиот претседател Петро Порошенко во четвртокот од американскиот Конгрес побара воена, политичка и економска помош од Вашингтон поради „подмолноста“ на Русија „којашто ѝ се заканува на светската безбедност“, а претходно Белата куќа, пред средбата на Порошенко со американскиот претседател Барак Обама, објави дека деблокирала 46 милиони долари за опремување и обука на украинските сили.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател Петро Порошенко кој престојува во Вашингтон одржа 45-минутен говор пред американските пратеници кои го поздравија со бурен аплауз.Тој на почетокот побара од Американците специјален статус за Украина како нечленка на НАТО. „Потребни сте ни, како и помошта од Америка. Апелирам до САД да ѝ дадат на Украина специјален статус и одбранбен статус кој ќе биде одраз на интеракцијата (со Западот) на највисоко ниво“, изјави Порошенко алудирајќи на кризата со Русија, откако со февруарските безредија во Киев беше соборен неговиот претходни Виктор Јанукович, на што руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим се реши преку референдум да ја врати својата укината автономија и да се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за руска анексија на украинската територија, а од април започна и вооружениот конфликт во источните рускојазични региони кои не го признаваат легитимитетот на прозападните власти.Порошено побара во Вашингтон и „поголема политичка поддршка од светот“ за Киев како „повеќе борбена и неборбена воена опрема“ за украинската армија која нема успеси во судирите со проруските бунтовници и тврди дека Москва им дава помош во луѓе и воена опрема што руската страна одлучно го демантира.На економски план Порошенко се зазема за „вложување на американските компании во Украина поради давање поддршка за нашата економија и нашиот правосуден систем“, ветувајќи дека „помошта на Западот ќе се искористи за некорумпираните институции“.Порошенко, кого го нарекуваат „кралот на чоколадата“ поради неговата голема кондиторска компанија „Рошен“ преку која оствари статус на доларски милијардер, се заложи во Вашингтон земја да добие специјален статус. Меѓутоа, Вашингтон смета дека тој статус не ѝ носи ништо ново на Украина.Администрацијата на Обама, којашто соопшти дека ќе деблокира 7 милиони долари за хуманитарна помош, го исклучива испраќањето оружје на Киев, како што бараа и некои членови на американскиот Конгрес.„Не постои едноставно воено решение кое би овозможило промена на рамнотежата на силите. Целта е подобрување на капацитетите на Украина да се одбрани од упади на своја територија и долгорочно за обука и прилагодување на нејзините безбедносни сили“, изјави за Reuters неименуван американски функционер.Порошенко во американскиот Конгрес изрази и „загриженост за мирот во Европа“, оценувајќи дека „агресијата врз Украина е закана за светската безбедност“. „Доколку сега не ги сопреме (Русите) ќе ја минат границата на Европа, што е сигурна закана за светот“, предупреди украинскиот претседател повикувајќи ги САД и Европа „да не ја остават Украина сама“ во судирот со Русија.Во текот на говорот на Порошенко и пред средбата со американскиот челник Обама, Белата куќа најави дека ќе издвои 46 милиони долари за набавка на воена опрема и обука на украинските вооружени сили. Со тоа американската помош на Украина за нејзината армија достигна вкупно 116 милиони долари. Целта на оваа помош е надзор и осигурување на украинските граници и вооружување на војската за што поефикасно да дејствува во воената операција во источните региони. Наводно, оваа помош исклучува испораки на оружје, и ја сочинуваат телекомуникациска опрема, радари, панцирни елеци, шлемови и униформи./крај/мф/сн

Извор: AFP/Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до...

Македонија24 минути

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198“ ќе се решат проблемите на граѓаните

„Во очите на граѓаните има една желба да што побргу заврши сето ова кое што се случуваше шест и половина...

Македонија3 часа

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија4 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет4 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија4 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион7 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет8 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија8 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет8 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија9 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија9 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија9 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија20 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија21 час

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија21 час

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија21 час

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...