Вести
Путин: Русија во моментов не планира да распореди војници во Сирија
Русија не планира да распореди во овој момент свои војници во Сирија изјави рускиот претседател Владимир Путин во разговорот со американскиот новинар Чарли Риуз во интервјуто за мрежите CBS и PBS, пред неговата средба во понеделникот со американскиот колега Барак Обама, од што стравуваат САД кои го посакуваат заминувањето од власт на сирискиот претседател Башар ал-Асад, чиј сојузник е Москва.
Целта на руската воена помош и присуство во Сирија е поддршка за владата на претседателот Башар ал-Асад во борбата со терористичките групации, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој подоцна во понеделник треба да се сретне и со иранскиот претседател Хасан Роухани, кој исто така истакнува дека Асад мора да биде дел од меѓународната коалиција против радикалните сунитски исламски милитанти.
„Русија нема да учествува ни на кое поле во операциите на територијата на Сирија или на други држави. Барем засега тоа не го планираме“, изјави Путин.
Една од главните теми на разговорот меѓу Путин и Обама ќе биде меѓународната коалиција против Исламската држава, при што Москва инсистира во неа да биде вклучен и официјален Дамаск и оти за таквата операција мора да има резолуција од Советот за безбедност од ОН.
„Нема поинаков начин да се реши сирискиот проблем без да се зајакне постојната легитимна влада, да биде подржана во борбата против тероризмот“, вели Путин кој пред Генералното собрание на ОН треба да ја објави својата иницијатива за војната против џихадистичката терористичка Исламска држава во којашто ќе бидат вклучени земјите од регионот, а ќе разговара и со Роухани кој во Њујорк изјави дека владата на Асад „не смее да биде ослабена“ доколку сакаме да ги победиме радикалните милитанти, како Исламската држава.
Русија потврди дека ја засилила својата воена помош за Сирија со најмодерно оружје, а засега неименувани функционери САД тврдат дека испратила борбен авиони, тенкови, оклопни возила, па дури и дека ставила 200 свои маринци во покраината Латакија каде што наводно градела современа воздухопловна база.
Брзото трупање на воена опрема што ја демонстрира цврстата поддршка на Москва за владата во Дамаск, како и незапаметената бегалска криза од Сирија којашто ја преплави Европа, ја предизвикаа итната неопходност од решавањето на веќе петгодишната сириска граѓанска војна.
Путин, притоа, појасни дека и за Русија постојат закани од радикалниот исламизам, особено во кавкаските републики Чеченија, Дагестан и Ингушетија, каде што Западот ги поддржуваше како сепаратисти занемарувајќи го фактот за исламистичкиот карактер на овие бунтовници кои прогласија ткн „Кавкаски емират“.
„Има повеќе од две илјади милитанти од просторот на поранешниот Советски сојуз во Сирија, и наместо да чекаме да се вратат дома, би требало да му помогнеме на претседателот Асад да се бори против нив таму, во Сирија“, смета Путин.
Во долгото интервју коешто опфаќа теми од историјата на неговото семејство, украинската криза и др, Путин ја оцени како нелегални и неефикасна интервенцијата на САД со воздушни напади во Сирија и особено поддршката на сунитските опозициски групи во Сирија кои Вашингтон ги смета за „умерени“ и ги повтори потврдите и на американските функционери дека борците коишто ги увежбува и вооружува американсакта армија го предаваат оружјето и минуваат во редовите на џихдистичките организации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.