Вести
Русија ги потврди првите воздушни удари во Сирија
Авионите на Воздухопловни сили на Русија започнаа во средата со нанесување прецизни удари врз позициите на терористичката организација Исламска држава на територијата на Сирија, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Претходно во средата за агенцијата Reuters неименувани високи американски извори соопштија дека веднаш откако горниот дом на рускиот парламент го одобри барањето на рускиот претседател Владимир Путин позитивно да одговори на барањето на сирискиот колега Башар ал-Асад за руско воено инволвирање во сирискиот конфликт против исламистичкта радикална група, против која со месеци наназад воздушни удари презема и меѓународната коалиција предводена од САД.
„Во согласност со одлуката на Врховниот командант Владимир Путин, авионите на руските воздухопловни сили денеска започнаа со спроведување на воздушните операции со извршување прецизни удари по копнени цел на терористичката групација Исламска држава на територијата на Сирија“, изјавил Конашенков, пренесува агенцијата ТАСС.
Тој не рекол во која област биле изведени нападите и за ефектите од нив, а американскиот соговорник на Reuters рекол дека нападите на руските борбени авиони биле изведени во близината на градот Хомс, во истоимената покраина, кој со месеци наназад е во рацете на радикалната џихадистичка организација.
Конашенков додал дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу информирал дека во текот на воздушните операции ќе бидат напаѓани воена опрема, комуникациски центри, возила, складишта за муниција, горива на Исламската држава.
Претходно во средата Советот на федерацијата едногласно му даде согласност на претседателот Путин за употреба на руските вооружени сили во странство, конкретно во Сирија. Шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов истакна дека станува збор за барање на сирискиот врв и за исклучиво воздушни операции кои ќе се спроведуваат во согласност со меѓународните норми./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.