Вести
САД негираат разногласие во односите со Турција
Американскиот Стејт департмент негираше постоење на разлики во некои прашања меѓу Вашингтон и Анкара, за што претходно деновиве пишуваа американските медиуми.
„Не верувајте во сѐ што ќе прочитате, бидејќи Турција останува не само многу важен сојузник во НАТО, туку, исто така, и партнер во обидите за уништување на Исламската држава“, го коментираше во четвртокот навечер пишувањето на весникот The Washington Post за сериозните разлики меѓу двете земји во врска со операциите против џихадистичката групација Исламска држава, портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џен Псаки.Според неа, Вашингтон продолжува да води со Анкара „активен дијалог за тоа какви дополнителни чекори може да бидат преземени“.„Како што веќе знаете, тесно соработуваме со Турција за цела низа прашања, и ја не сметам дека тоа (написот) е израз на мислења или искуство на кои и да е во оваа зграда“, заклучи портпаролката на американската дипломатија.САД, со поддршка на голем број сојузнички земји, вклучително и петте арапски од 23-ти септември ги започна воздушните напади врз позициите на Исламската држава во Сирија, а од август таква операција преземаа самите во соседен Ирак. Вашингтон ја поддржува сунитската вооружена опозиција во Сирија која од март 2011 година се бори за соборување на алавитскиот претседател Башар ал-Асад, а од пролетта 2014 година загуби многу територии и во судирите со Исламската држава. Џихадистите реиси 40 дена го држат под опсада северниот град Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски) кој е третиот курдски град по големината во Сирија и се наоѓа на само еден километар од границата со Турција. Под контрола на радикалните исламисти се повеќе десетици курдски села, а повеќе од 200 илјади жители на Кобане пребегнаа на турска територија. Џихадистичката организација Исламска држава којашто на сириското боиште се појави во летото 2013 година под називот Исламска држава во Ирак ни на Левантот, на почетокот од јуни 2014 година прогласи ткн „исламски калифат“ на значителните територии кои ги контролира во Ирак и во Сирија, каде што се војува против владините сили и ја стекна репутацијата на најбрутална бунтовничка група. Во дејствијата на овие милитанти загинаа неколку илјади цивили, стотици илјади спасот го побараа во напуштањето на своите домови, и неколку илјади луѓе се во заложништво./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.