Контакт

Вести

Светските челници го поздравија нуклеарниот договор со Иран

Објавено пред

Светските челници го поздравија во вторникот договорот постигнат по макотрпните преговори во австриската престолнина Виена меѓу шесте светски сили и Иран околу неговата нуклеарна програма, и се едногласни во оцената дека станува збор за отворање на ново поглавје во меѓународните односи и можност која треба да се искористи.

dobivaj vesti na viber

По речиси 18-месечните интензивни преговарања во Виена во вторникот рано изутрината конечно беше постигнат договорот меѓу Иран и шесте светски сили, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија, како и Европската унија како посредник, со кој се предвидува ограничување на иранските нуклеарни активности во замена за укинување на западните и меѓународните економски дванаесетгодишни санкции и укинување на западната дипломатска изолација на Техеран.

Според Виенскиот договор, Иран мора да го намали бројот на центрифугите за збогатување на ураниумот од 19.000 на 6.100, и да ги редуцира резервите од збогатен ураниум од 10 тони на само 300 килограми.

Американскиот претседател Барак Обама го пофали овој „сеопфатен долгорочен договор кој ќе спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје“, додека неговиот ирански колега Хасан Роухани изјави дека „договорот го смета за можност за отворање ново поглавје во соработката со светот, по годините санкции и изолација“.

Обама додаде дека ова е можност кој треба да се искористи, и го предупреди американскиот Конгрес во кој доминираат републиканците кои имаат блиски ставови со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека договорот со Иран е „историска грешка“, дека ќе стави вето на секој закон што ќе ја попречува успешната реализација на договорот од Виена.

Во Белата куќа Обама изјави дека со овој договор е пресечен секој правец кон на Иран би му овозможил да дојде до нуклеарно оружје. „Договорот не почива на доверба, туку на проверка и би било неодговорно да се отфрли“, порача американскиот претседател. „Овој договор дава можност да се крене во нова насока. Мораме да ја искористиме. Тој не почива на доверба. Тој се заснова на верификација“, повтори Обама.

Аналитичарите во САД проценуваат дека договорот со Иран претставува голема победа на Обама во неговата надворешна политика, кого во 2008 година како претседателски кандидат ко критикуваа за предлозите Вашингтон пријателски да се сврти кон своите противници.

„По две години преговори денеска САД заедно со меѓународната заедница остварија нешто што деценијата непријателство не го успеаја: сеопфатен долгорочен договор кој ќе спречи Иран да добие нуклеарно оружје“, порача Обама придружуван од потпретседателот Џозеф Бајден.

Русија ќе стори сé за да се почитува договорот со Иран посигнат во Виена, порача, пак, рускиот претседател Владимир Путин. Додаде дека целосното почитување на договорот од сите страни Москва ќе го помага за да се „зајакне меѓународната и регионална безбедност, и глобалниот режим на неширење на нуклеарното оружје, воспоставување на Блискиот исток зона без оружје за масовно уништување и средства за негово озработување“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Рускиот претседател притоа изрази надеж дека сите заинтересирани земји, особено ткн „шестка“, целосно ќе ги почитуваат и спроведуваат донесените решенија. Додаде дека Москва им е благодарна на „сите кои постојано ги поддржуваа напорите да се најдат прифатливи политички и дипломатски решенија за иранското прашање“. Истакна и дека рускиот преговарачки тим, предводен од шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, како и руските нуклеарни научници имале голема улога во подготовката на „сеопфатниот договор со кој се приближија различните дијаметрално спротиставени позиции до заедничкиот именител.

„Убедени сме дека светот денеска со големо олеснување воздивна“, рече Путин и прецизираше дека проверките на Меѓународната агенција за атомска агенција (IAEA) ќе го проверуваат цивилниот карактер на нуклеарната иранска програма.

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, изјави дека новиот договор со Техеран докажува дека светот може со преговори да ги решава проблематичните прашања и дека ќе биде заштита на глобалниот систем за неширење на нуклеарното оружје.

Договорот е можност иранската економија да зајакне, но само доколку Техеран целосно се придржува до одредбите од договорот, изјави портпаролката на британскиот премиер Дејвид Камерон. „За Иран постои реална можноста за економска полза од договорот, но единствено доколку Иран го оствари она што е договорено“, рече.

Големите сили мора будно да внимаваат како Иран ќе ги користи финансиските средства кои ќе ги стекне со ублажувањето на санкции, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд. „Сега Иран има поголеми финансиски капацитети, па оттаму мораме извонредно будно да следиме како Иран ќе се однесува“, рече францускиот челник. Но, Оланд се задржа и на тоа дека Техеран го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој е на удар на Западот и неговите сунитски арапски сојузници на Блискиот исток, и порача дека очекува од Техеран да помогне во барањето излез од сирискиот конфликт кој започна во март 2011 година. „Ирам нора да покаже дека е подготвен да помогне да го завршиме тој судир“, додаде.

Се разбира Израел негативно го оцени договорот постигнат во Виена, имајќи го предвид историскиот антагонизам со Иран. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нуклеарниот договор го нарече „грешка со историски димензии“. „Иран ќе добие џекпот, награда во кеш од неколку стотина милијарди долари, и ќе може да продолжи со агресијата и заплашувањето на регионот и на светот. Иран доби сигурен пат до добивањето нуклеарно оружје“, реле израелскиот премиер.

Иранскиот претседател Хасан Роухани новиот договор го смета за можност да се отвори ново поглавје во соработката со светот, по годините санкции и изолација, и смета дека меѓусебната недоверба постепено ќе ја снемува. Во неговиот говор пренесуван на државната телевизија, Роухани рече дека Иран ќе се придржува до договореното и ги повика соседните земји да ја игнорираат, како што нагласи, израелската пропаганда, бидејќи и Иран посакува стабилност во регионот.

Дека договорот со Иран испраќа позитивен сигнал за Блискиот исток и можеби отвора ново поглавје за дипломатските односи меѓу земјите во регионот, смет аи шефот на дипломатијата на Германија, Франк-Валтер Штајнамер и притоа изрази желба наскоро да го посети Техеран. „Можеби овој договор може да биде знак на надеж против силите на хаосот на Блискиот исток. Сигурен сум дека и Израел ќе го убедиме со тој договор“, рече Штајнмаер и додаде дека победата на дипломатијата и дијалогот може да биде пример за другите учесници во регионалниот конфликт./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Македонија3 часа

(Видео) Ковачки: Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, денеска меѓудругото вети дека ќе бидат вратени во функција сите железнички...

Свет3 часа

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...

Македонија4 часа

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени,...

Македонија5 часа

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот...

Македонија5 часа

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст. Пролетниот распуст е воведен...

Свет5 часа

(Видео) Први снимки од силното торнадо во Кина – „Ова е како Армагедон“

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени...

Македонија7 часа

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака

Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со...

Македонија7 часа

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите...

Македонија7 часа

Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места...

Македонија7 часа

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

На митингот кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека...

Македонија20 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија20 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија1 ден

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија1 ден

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет1 ден

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет1 ден

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет1 ден

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...