Контакт

Вести

Трамп фактички е кандидат на републиканците, по повлекувањето на Круз

Објавено пред

 Милијардерот Доналд Трамп стана фактички кандидат на Републиканската партија за американските претседателски избори во ноември, откако единствениот негов сериозен ривал за партиската номинација сенаторот на сојузната држава Тексас, Тед Круз, по поразот во Индијана се повлече од трката. Кај Демократската партија, сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс неочекувано на партиските предизбори во Индијана ја победи поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, но сепак силно заостанува зад неа.

dobivaj vesti na viber

Номинацијата на Трамп е случај без преседан во современата историја на САД. Претприемачот познат по своите контроверзни изјави и однесување, на политичката сцена се појави пред само десет месеци. Меѓутоа, успеа да го мобилизира електоратот на Републиканската партија, ветувајќи дека ќе ги врати загубените работни места, угледот и влијанието на земјата и оти „повторно Америка ќе ја направиме голема“.

Трамп сосема неочекувано победи десетина противкандидати, меѓу кои и највлијателните политичари од Републиканската партија. Покрај тоа, магнатот на патот до номинацијата успеа да се справи и со жестокиот отпор од партиската елита и водството, и е многу блиску до рекорд во освојувањето на гласовите од избирачите на предизборите на партијата.

Доналд Трамп во Индијана освои повеќе од половината, околу 53 отсто, од гласовите на републиканските гласачи, Тед Круз освои 37 отсто, а третиот кандидат, гувернерот на сојузната држава Охајо, Џон Кејсик заостана далеку зад двајцата. Со оваа победа Трамп практично си ја обезбеди номинацијата на Републиканската партија, чија национална конвенција ќе се одржи на крајот од јуни во Кливленд, во трката за претседател на САД.

Откако пристигнаа резултатите од изборите и се покажа дека загубил во Индијана, конзервативниот сенатор Тед Круз објави дека ја прекинува својата кампања. „Од почетокот велев дека ќе продолжам со борбата сé додека постои можноста за победа. Вечерва, за жал, се покажа дека таа можност е затворена. Дадовме сé од себе во Индијана, но избирачите избраа поинаков пат“, изјави Круз пред разочараните приврзаници.

Со тоа на Трамп ширум му се отворени портите да го обезбеди потребното мнозинство од 1.237 делегати. Единствениот противни му е Кејсик, кој нема да се повлече од трката иако далеку заостанува зад Трамп. Но, неговата единствена надеж е некако да го спречи Трамп, кој во моментов има обезбедено гласови на 1.041 делегат, во освојувањето на потребните 1.237, па во ткн „отворена конвенција“ да се обиде да го победи на гласањето на париската конвенција.

Во таквиот расплет, меѓутоа, не веруваат во таборот на Трамп, од каде што најавија дека ќе продолжат со силната кампања за да ги обезбедат победите и на следните предизбори во државите Небраска и Западна Вирџинија.

Самиот Трамп по победата им се обрати на приврзаниците во Њујорк, велејќи дека тоа биле „неверојатни ден, вечер и година“ и порача дека заедно „повторно ќе ја направат Америка голема“. Го пофали, исто така, Круз како „тежок противник“ и му предвиде блескава иднина, иако самиот до пред неколку часови го наречуваше „лажливиот Тед“ и го обвинуваше неговиот татко дека бил поврзан со атентаторот на убиениот американски претседател Џон Кенеди. На крајот порача дека сега сака да ги обедини републиканците за да го победат претседателскиот кандидат на демократите.

Во Демократската партија во трката за претседателската номинација, во Индијана тесно победи Берни Сандерс. Според CNN, по пребројувањето на 74 отсто од гласовите, Сандерс освоил 53 отсто од делегатите во оваа држава, додека Хилари Клинтон – 47 отсто.

Но без разлика на тоа, Клинтон и натаму има голема предност, со освоени 1.699 делегати, додека Сандерс има 1.409 делегати, но поранешната државна секретарка и прва дама на САД има уште над 500 гласови од ткн „суперделгати“, партиската елита на демократите, па е блиску до освојувањето на неопходните 2.383 делегати.

Имајќи предвид дека во сите држави гласовите на демократите се распределуваат пропорционално, на Сандерс му се потребни победи во сите преостанати држава со големо мнозинство, за да може да ѝ претставува предизвик на Клинтон.

Сенаторот веќе претходно изјави дека нема да се откаже и ќе оди до крајот. „Штабот на Клинтон смета дека кампањата заврши. Тие грешат, изјави Сандерс за Associated Press по победата во Индијана. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака

Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со...

Македонија11 минути

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите...

Македонија13 минути

Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места...

Македонија15 минути

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

На митингот кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека...

Македонија13 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија13 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија18 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија19 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија20 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет20 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет20 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет22 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија23 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија1 ден

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет2 дена

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија2 дена

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 дена

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...