Контакт

Вести

Трамп се надева дека Русија ќе ги најде мејловите на Клинтон кои недостигаат

Објавено пред

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп рече дека се надева оти Русија ќе биде способна да ги пронајде илјадниците електронски доверливи пораки од американската дипломатија кои се избришани од приватниот сервер на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, негова сегашна противкандидатка на демократите, истакнувајќи дека тој „нема никакви врски со Русија“, која Демократската партија ја обвинува дека сака да му помогне на претседателските избори на 8-ми ноември.

dobivaj vesti na viber

„Русија, доколку слушаш, се надевам дека ќе можеш да ги пронајдеш 30-те илјади електронски пораки кои недостигаат“, изјави Доналд Трамп на прес-конференцијата на Флорида, алудирајќи на електронските писма кои се избришани од приватниот сервер на Хилари Клинтон кој го користела додека беше шефица на американската дипломатија за официјална преписка, спротивно на американските закони за службената комуникација.

За овој скандал се водеше повеќемесечна истрага од страна на Федералното биро за истраги (FBI) кои и покрај тоа што утврди дека се сторени прекршоци и оти преку приватните сервери Клинтон комуницирала со државни документи класифицирани како доверливи, но се откажа од гонење.

„Тоа ќе биде првпат еден кандидат на голема партија за претседателска должност активно да поттикнува странска сила да го шпионира неговиот противник“, реагираа веднаш со соопштение од изборниот штаб на Хилари Клинтон говорејќи за „прашањето за националната безбедност“.

Клинтон и самата е обвинета од противниците дека ја загрозувала националната безбедност на САД поради тоа што го користела исклучиво приватниот сервер со својата приватна електронска пошта за доверливата преписка/

Покрај тоа, нејзината Демократска партија ја тресе и скандалот со истекувањето на 19.000 електронски пораки од партиските сервери на WikiLeaks од кои се гледа дека од членовите на највисокиот оран на партијата било барано наместо да бидат неутрални да ја поддржат Хилари Клинтон и да конструираат и лиферуваат во медиумите афери за нејзиниот противкандидат на партиските предизбори Барни Сандерс, особено во врска со неговата национално потекло и религијата.

Претседателкaта на Демократскиoт национален комитет (DNC), Деби Васерман-Шулц си поднесе оставка поради овој скандал, а демократите за ова протекување обвинуваат „руски хакери“, но во средата изјавија дека немаат докази за ваквите алузии.

Дури актуелниот претседател Барак Обама, кој застана зад Клинтон во решавачките моменти од париските предизбори во разговорот за NBC News од вторникот алудираше на некаква руска врска со скандалот со пробиените сервери и забележа дека „во Русија многу добро се пишувало за Трамп“.

„Се е можно. Знаеме дека Русите упаѓаат во нашите системи. Не само во владините, туку и во приватните“, додавајќи дека Трамп повеќепати изразувал восхитување од Путин.

„Немам никакви врски со Русија“, изјави Трамп во средата на прес-конференцијата во Дорал на Флорида, додавајќи дека никогаш не се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.

Весникот The New York Times пренесува дека американските разузнавачки агенции се сигурни дека серверите на Демократската парија ги хакирале руските власти, иако не можат да кажат дали станува збор за вообичаена шпионажа или за желба да се влијае врз американските претседателски избори.

„Немам ништо со Путин. Никогаш не сум разговарал со него. Не знам ништо за него, освен дека ќе ме почитува. Тој не го почитува нашиот претседател“ Барак Обама, рече Трамп.

Подоцна на Twitter се шегуваше порачувајќи дека „доколку Русија или некоја друга земја или личност ги имаат 33.000 незаконски избришани мејлови на Хилари Клинтон, можеби би требало да му ги предадат на FBI“.

Кремљ во средата повторно ги отфрли обвинувањата од американските демократи дека Русија е одговорна за хакирањето на серверите на Демократската партија од која протекоа непријатни електронски пораки во врска со внатрепартиските избори за претседателски кандидат, оценувајќи дека станува збор за „хорор приказни“ кои ги измислиле американските политичари и истакнувајќи дека Москва никогаш не се меша во предизборните кампањи во други држави.

„Москва силно настојува да избегне какви и да се зборови кои би можеле да се протолкуваат како директно или индиректно мешање во изборниот процес во која и да е земја. Гледаме дека ткн ‘руска карта’ е на масата на сите политичари во Вашингтон во текот на изборната кампања и дека тие многу често ја користат како адут во играта“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа ме потсетува на друштво во коешто се раскажуваат хорор приказни и потоа сите во него почнуваат да се плашат од сопствените приказни“, рече Песков./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија5 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија10 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија11 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија12 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет12 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет13 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет14 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија15 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија16 часа

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет1 ден

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија1 ден

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија1 ден

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 дена

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 дена

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 дена

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...