Контакт

Вести

УНИЦЕФ/УНФПА: Нова иницијатива за заштита на милиони девојчиња од детски бракови

Објавено пред

Со нова иницијатива во повеќе земји насочена кон забрзување на акцијата за ставање крај на детскитe бракови, УНИЦЕФ и УНФПА ќе помагаат во заштитата на правата на милиони најранливи девојчиња во светот. 

dobivaj vesti na viber

Во вторникот беше најавено дека во Глобалната програма на УНФПА и УНИЦЕФ за забрзување на акцијата за ставање крај на детските бракови ќе се вклучат семејствата, заедниците, владите и младите луѓе. Ова е дел од глобалниот обид да се спречи девојчињата да се мажат премногу млади и да се поддржат оние кои веќе се омажени како девојчиња, во 12 земји во Африка, Азија и на Блискиот Исток, каде стапката на детски бракови е висока.

„Изборот кога и со кого да се стапи во брак е една од најважните одлуки во животот. Детските бракови, секоја година им го негираат ваквиот избор на милиони девојчиња“, вели др Бабатунде Осотимехин, извршен директор на УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации. „Како дел од оваа глобална програма, ние ќе работиме со владите на земјите со висока преваленца на детски бракови, за да ги поддржат правата на адолесцентните девојки и за тие да можат да го остварат својот потенцијал, а земјите да можат да ги постигнат своите цели на социјално-економски развој“, додаде тој.

Новата глобална програма ќе се фокусира врз докажани стратегии, како што се: зголемување на пристапот на девојчињата до образовни и здравствени услуги, едукација на родителите и заедниците за опасностите од детските бракови, зголемување на економската поддршка на семејствата, како и зајакнување и спроведување на законите со кои возраста од 18 години се утврдува како минимална возраст за стапување во брак. Програмата, исто така, ќе ја нагласи важноста од користење цврсти податоци за креирање програми наменети за адолесцентните девојки. .

„Светот стана свесен дека  детските бракови се штетни за девојчињата поединечно, за нивните идни деца и за  општеството во кое живеат“, рече извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк. „Со оваа нова глобална програма ќе се покрене акција за досегање до девојчињата во најголем ризик – и ќе им се помогне на повеќе девојки и млади жени да го остварат своето право за насочување на сопствената судбина. Ова е пресудно сега, бидејќи ако продолжи актуелниот тренд, бројот на девојки и жени кои се омажени како деца ќе достигне речиси 1 милијарда до 2030 година – 1 милијарда изгубени детства, 1 милијарда уништени иднини“, смета Лејк.

Детските бракови се повреда на правата на девојчињата и жените. Девојките омажени како деца имаат поголеми изгледи да не одат на училиште, да страдаат од семејно насилство, да добијат ХИВ/СИДА и да починат поради компликации за време на бременоста и породувањето. Исто така, детските бракови им штетат на економиите и доведуваат до меѓугенерациски циклус на сиромаштија, додаваа од УНИЦЕФ/УНФПА.

Глобалната заедница покажа силна заложба за ставање крај на детските бракови, вклучувајќи во Целите за одржлив развој елиминирање на детските бракови заедно со другите штетни практики. УНИЦЕФ и УНФПА ги повикуваат владите и партнерските организации да ја поддржат новата Глобална програма за потпомагање на елиминацијата на детските бракови до 2030-та година.

Глобалната програма на УНФПА и УНИЦЕФ за забрзување на акцијата за ставање крај на детскитe бракови ја поддржуваат Канада, Европската унија, Италија, Холандија и Велика Британија./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија27 минути

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Европа35 минути

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион1 час

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет1 час

(Видео) Директор на Сименс Шпанија, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет2 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет3 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија11 часа

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...

Топ12 часа

„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол...

Македонија16 часа

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...

Македонија17 часа

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со...

Македонија19 часа

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија20 часа

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија21 час

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија23 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија24 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија24 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет1 ден

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет1 ден

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет1 ден

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...