Uncategorized
Заев: Куманово е вистинско олицетворение на Европската унија

Последните две и пол години нема дилеми ниту дома ниту надвор, дека наштата татковина е на вистинскиот, на правиот пат, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на почеток на денешната граѓанска трибина во Куманово „На прав пат“.
Тоа е патот на напредокот, на сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати, на членство во ЕУ и НАТО, додаде Заев.
„Да кажуваш дека си на прав пат, а да не дојдеш во Куманово, си го згрешил патот. Кумановци биле и ќе останат на вистинскиот пат. Тоа значи дека сме сопатници, на ист правец, на ист пат, а Куманово е вистинско олицетворение на Европската унија. Како што ЕУ е збир на земји со различни особености, така и Куманово е град – конгломерат во кој се испреплетуваат различни етникуми, вери, култури и јазици. Затоа Куманово, е град полн со дух и позитивна енергија“, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Ешли Тисдејл ја продаде вилата во Лос Фелиз за 5,8 милиони долари

Актерката Ешли Тисдејл ја продаде својата маркантна резиденција во Лос Фелиз за 5,78 милиони долари. Таа имотот го купи во 2019 година за 4,1 милиони.
Ѕвездата на High School Musical првично ја наведе вилата во медитерански стил, со површина од 4.214 квадратни метри, во јануари за 5.795 милиони долари, како што објави „Пипл“.
Продажбата се случи само неколку дена откако Тисдејл го пречека своето прво дете, ќерката Јупитер, со сопругот Кристофер Френч, со кого е во брак седум години.
Uncategorized
Вучиќ: Од следната недела, уште повеќе вакцини во Србија

„Од среда-четврток ќе започнеме со понатамошна масовна вакцинација, бидејќи од вторник, среда или четврток ќе имаме уште повеќе вакцини“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Тој додаде дека за два дена ќе започне силна ревакцинација на голем број луѓе кои веќе ја примиле првата доза.
„Тоа е најважната работа за луѓето, што ќе се случи со нивното здравје, дали тие се чувствуваат безбедно, кои се нивните планови за во иднина. Тоа ги мотивира и интересира луѓето, а не како ќе се однесуваат газдите на одредени компании не знам со кого.. “, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања од новинари во Панчево.
Uncategorized
Велосипедист удрил во пешак и побегнал

Скопјанец е тешко повреден откако велосипедист удрил во него, по што побегнал. Како што информира полицијата, вчера во 14:10 часот во Скопје на улица 50-та дивизија велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје. На повредениот му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш