Контакт

Книги

Книжевната ѕвезда Георги Господинов добитник на наградата „Прозарт“

Објавено пред

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што се одржува од 29 до 31 мај и организаторот, издавачката куќа „Икона“ го најавуваат добитникот на наградата „Прозарт“ за 2016 година – вистинската книжевна ѕвезда од овие простори и најпреведуваниот современ бугарски прозен автор – Георги Господинов.
 

dobivaj vesti na viber

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што се одржува од 29 до 31 мај и организаторот, издавачката куќа „Икона“ го најавуваат добитникот на наградата „Прозарт“ за 2016 година – вистинската книжевна ѕвезда од овие простори и најпреведуваниот современ бугарски прозен автор – Георги Господинов.

 

Писателот, во вторник, во Даут пашин амам ќе ја прими наградата која фестивалот му ја доделува за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.

 

„Георги Господинов е најпреведуван современ бугарски прозаист со бројни афирмативни критики од познати европски и американски проследувачи на литературата, за своите три прозни дела: „Природен роман“, „И други приказни“ и „Физика на тагата“.

Уште од своите студентски денови со својот особен раскажувачки глас, автентичен стил на раскажување и необично откачена духовитост, се наметна како исклучително име на новата бугарска литература.

Освен бројните книжевни признанија, тој многу брзо добива и голем број приврзани читатели во Европа и САД, а меѓу нив и голем број почитувачи во Македонија“, вели уметничкиот директор на „ПРО-ЗА Балкан“, Александар Прокопиев.

 

Последна преведена книга од Господинов на македонски е „Физика на тагата“ во превод на македонски јазик на Душко Крстевски а во издание на „Или-Или“.

 

Фестивалот има чест да го претстави и претставникот од Македонија на овогодишното издание – академик Луан Старова, чиј најнов роман „Враќањето на козите“ беше објавен неодамна, а се работи за своевидно продолжение на „Времето на козите“, дело кое досега e преведено на повеќе од дваесет јазици.

 

На фестивалот повторно доаѓа големиот пријател на Македонија, писател, професор, уредник, долгогодишен претседател на жирито за доделување на наградата „Виленица“ на истоимениот фестивал – Андреј Блатник од Словенија. Блатник е објавен со дела кај повеќе македонски издавачи како „Матица македонска“, „Икона“, „Евро-Балкан“… Последната објава на негово дело на македонски јазик се случи неодамна – „Пишување на кратки раскази“ во превод на Драгана Ефтимова а во издание на „Икона“.

 

Од Турција ќе ни се претстави една од најпопуларните млади писателки Асли Перкер, чии дела се продаваат во тиражи од стотици илјади. Делата на Перкер се преведени на над 20 јазици, а издавач во Македонија е „Бата Прес“. На македонски јазик нејзините книги се приопштени од преведувачите Ајсан Есад и Афаф Елмради.

 

Српската литература оваа година е претставена со двајца гости – автентичните и бескомпромисни современи писатели Марко Видојковиќ и Звонко Карановиќ. Нивни дела се објавени во издание на „Македонска реч“ и „Блесок“. Карановиќ е дел и од книжевната резиденција во Скопје во организација на „Готен“.

 

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, ќе се случи и „Скопје fellowship“ програмата, на која, како што најавивме, гости ќе бидат Џон О’Брајан, основачот на „Далки архив прес“ како и литературен агент и четири издавачи од Германија. Карактеристично за сите е што дел од нивната продукција е и литература во превод, а дел од фокусот им е и Балканот.

 

Гости на фестивалот, со помош на Фондацијата „Курт Волф“ ќе бидат издавачите Јерг Сандермајер од “Вербрехер”, Флориан Грундај од „Валштајн“, Рајнер Хелчл од „Опен хаус“, Севастос Самбсунис – „Гресенван“ и литературниот агент Кристине Лиштау од „Антас Биндерман Лиштау“ литературната агенција.

 

Поради забележителното германско учество, фестивалот на 30 мај во ЕУ инфо центарот ќе организира и тркалезна маса насловена „Независни издавачи од Германија и превод на литературата од Балканот: мапирање на реалноста“.

 

Скопје fellowship програма е востановена во 2014 година а целта е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на литературата од Македонија но и од Балканот, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот, зголемување на видливоста на литературата од Македонија во странство…

 

 

Организатор на интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан е издавачката куќа Икона. Директор на фестивалот е Дејан Трајкоски. Уметнички директор е проф. д-р Александар Прокопиев. Претседател на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“ е проф. д-р Ермис Лафазановски а членови се директорот и уметничкиот директор. Продуцент на фестивалот е Николчо Мадешовски, директор на Икона./крај/со/бб

 

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Незгода на патот Маврово – Дебар, сообраќајот во целосен прекин

Од 13:00 часот сообраќајот на регионалниот пат, Маврово – Дебар, кај местото викано „Ростушко анче“ е во целосен прекин поради...

Македонија2 часа

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија3 часа

(Видео) „Фирмата и сопругата на Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ, ете зошто власта ги штити“, вели Кузеска

„Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата...

Македонија3 часа

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет4 часа

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија6 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија7 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија7 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија7 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија7 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија20 часа

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет20 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет23 часа

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија23 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет1 ден

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет1 ден

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија1 ден

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија1 ден

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија1 ден

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...