Црна хроника
Караница откри нелегално казино во Шуто Оризари
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 64-годишниот Б.М. од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“.
Пријавениот како физичко лице, во текот на 2015 година во точно неутврден временски интервал, во објект во општина Шуто Оризари, поставил 14 автомати и неовластено приредувал игри на среќа со ставање во функција на автоматите, без притоа да ја поседува потребната лиценца од Министерство за финансии.
На 12-ти ноември, по претходна пријава за нарушување на јавен ред и мир, од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот во објектот при што се затекнати три лица како играат на автомати за игри на среќа, кои неовластено биле поставени од страна на пријавениот, а кој за одреден паричен надомест од 10 до 500 денари им дозволувал на играчите одреден број кредити во автоматите за игра.
На тој начин неовластено организирал играње на автомати за игри на среќа и одбегнал да уплати давачка во износ од 78.750 евра во денарска противредност за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клубот.
Полициски службеници од СВР Скопје- во координација со полициски службеници од Единица за увид на местото на настан при СВР Скопје и со инспектори од Управата за јавни приходи, извршена е контрола при што е констатитано дека во просторијата има 14 електронски апарати за игри на среќа без сериски броеви.
Од страна на инспекторите од Управата за јавни приходи изработен е Записник за извршена надворешна контрола, Записник за сторен прекршок и Решение за забрана за приредување на игри за среќа во деловната просторија, а од страна на СВР Скопје-ЕЕКК одземени се паричните средства во вкупен износ од 605 денари затекнати кај пријавениот, 14 електронски апарати за игри на среќа без сериски броеви, 15 клучеви за апаратите и четири клучеви за отварање на автоматот. Затекнатите лица и пријавениот Б.М. биле приведени каде биле извршени разговори со истите при што ги потврдиле наводите од пријавата, кој инаку предходно не е пријавуван за слични или други кривични дела./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

