Надворешна политика
Европратениците ја ценат конструктивната улога на ДУИ за решавањето на политичка криза
Вицепремиерот на Владата на Република Македонија, Муса Џафери и пратеникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Артан Груби во вторникот во Европскиот парламент се сретнаа во вторникот со европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан.
Џафери и Груби елаборираа околу актуелната ситуацијата во земјата и ставовите на ДУИ во врска со кризата, што беше поттикната од откривањето на нелегалното прислушување, се вели во соопштението на ДУИ.
ДУИ ја поздравува посветеноста на европратениците за олеснување на политичкиот дијалог меѓу партиите во Македонија, бидејќи токму овој потег беше еден од првичните барања на ДУИ заедно со следењето на судските постапки од страна на Брисел, велат од партијата.
Џафери и Груби ги запознаа соговорниците околу ставовите на ДУИ за надминување на кризата и конкретниот придонес кој ДУИ го дава со цел решавање на политичката криза.
Конструктивното учество на ДУИ во надминувањето на кризата е предуслов за трајно прифатливо решение за сите, се вели во соопштението на партијата.
Европратениците ја поздравија конструктивната улога на Ахмети и на ДУИ за предизвикувачките случувања во Македонија и ја изразија подготвеноста за продолжување со олеснувањето на политичкиот дијалог, како и негово интензивирање.
Во Брисел постои волја и разбирање за вклучување на ДУИ во разговорите за решавање на политичката криза и се проценува конкретниот придонес на ДУИ за политичката стабилност и за воспоставување на вистински политички дијалог, велат од партијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.