Регион
Додик: Поскоро Република Српска ќе излезе од БиХ, отколку што БиХ ќе влезе во ЕУ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјавил дека поскоро Република Српска ќе се одвои од Босна и Херцеговина (БиХ), отколку што БиХ ќе влезе во Европската унија (ЕУ), пренесуваат босанските медиуми.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјавил дека поскоро Република Српска ќе се одвои од Босна и Херцеговина (БиХ), отколку што БиХ ќе влезе во Европската унија (ЕУ), пренесуваат босанските медиуми.
Додик смета дека ЕУ на БиХ и дала „жешки и потешки“ услови во споредба со условите од пред една година и дека меѓународната заедница „насилно ја чува БиХ“, и затоа земјата не може да опстои.
„Освен прашањето за механизмот на координација и пресудата Сејдиќ – Финци, сега имаме уште еден услов – Европската комисија да процени каков е напредокот во однос на економските реформи“, презицирал Додик, запрашувајќи се „какви се тие реформи што се спроведени во БиХ“.
Тој напоменал и дека Хрватска веќе не крие оти сака да и помогне на хрватската компонента.
„Народот мора да сфати дека во БиХ ништо не функционира. Јас никогаш не сум се обидел да го срушам Уставо на БиХ, но се спротивставив на рушењето на уставниот поредок“, порачал Додик./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.