Контакт

Надворешна политика

Европската иднина на земјите од регионот и безбедноста – теми во Брдо, Крањ

Објавено пред

Приближувањата на земјите од регионот со земјите на ЕУ, актуелни безбедносни прашања од значење за политичката стабилност во Европа и перспективата на младите од регионот во нивните земји, биле дел од темите на кои разговарале министрите за надворешни работи од државите на Европската Унија и министрите од државите од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора во Брдо, Крањ.

dobivaj vesti na viber

На средбата учествувал и министерот Никола Попоски. Домаќини на средбата беа министерот за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец и францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, соопштуваат од македонското МНР. На Брдо процесот присуствуваше и Европскиот комесар за европска соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, при што се разговараше меѓудругото и за приближувањата на земјите од регионот со земјите на ЕУ, во насока на конкретизирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и поврзувањето со Европската унија, на сите нивоа. Беа дискутирани актуелни безбедносни прашања од значење за политичката стабилност во Европа. Министрите разменија информации за борбата против тероризмот, вклучувајќи го и прашањето на насилнaта радикализација и регрутирањето на странски борци, при што беше нагласена неопходноста од изнаоѓање заеднички пристап и решение за  сузбивање на тероризмот и  превенирање на религиска радикализација. Вниманието на учесниците беше насочено и кон прашањата што се однесуваат на перспективата на младите од регионот во нивните земји. Беше изразена и потребата од подобрување на приклучувањето на регионот кон европската транспортна и енергетска мрежа. На средбата беше изразена загриженост и во однос на климатските нарушувања, што се потврдува и со бројните поплави што се случија во регионот. Посебно внимание беше посветено на прашањето на безбедноста и политичката стабилност на Европското соседството, особено за ситуацијата во Украина и ситуацијата во јужното Средоземје. „Ако погледнеме како изгледало минатото на регионот или како е денес во соседството на Европа, станува јасно зошто ЕУ и Балканските земји имаат заеднички интерес за интегрирање, пред да биде доцна”, истакна министерот Попоски денеска на Брдо. На маргините на министерскиот состанок МНР Попоски оствари одвоени средби со своите колеги меѓу кои и домаќините Ерјавец и Фабиус./крај/мф

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија15 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ16 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ16 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија17 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија19 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија19 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ20 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија22 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија23 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ24 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 ден

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија1 ден

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион1 ден

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа1 ден

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион1 ден

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...