Здравје
Во Виетнам на 123 години почина најстарата жителка на планетата

– Виетнамката Н’гујен Ти Чу почина на 123 години, како најстарата личност на светот
Н’гујен Ти Чу, 123-годишната Виетнамка, којашто беше сметана за највозрасниот жител на планетата, починала во јужниот виетнамски град Хо-Ши-Мин, пренесоа во средата агенциите.
Н’гујен Ти Чу, 123-годишната Виетнамка, којашто беше сметана за највозрасниот жител на планетата, починала во јужниот виетнамски град Хо-Ши-Мин, пренесоа во средата агенциите.
„Многугодишната Н’гујен Ти Чу почина во вторникот ноќта“, соопштија властите на округот Бинчан, каде што живееше 123-годишната жена.
Н’гујен Ти Чу официјално се сметаше за најстарата жена на Земјата од 201 година, кога тоа го потврди Академијата за светски рекорди (WRA). Во податоците за идентификација на Чу се наведува дека таа се родила на 4-ти мај 1893 година.
И покрај нејзината поодмината возраст, бабата Чу била до последните денови била во одлична физичка форма, и не страдала од болести кои вообичаено се поврзани со стареењето на организмот. Таа никогаш не се жалела на своето здравје и никогаш не барала лекарска помош.
Во текот на својот долг живот Чу родила 11 деца, но само две од нив сега се живи. Бројот на внуци, правници и праправнуци одамна надминал стотина.
Во 2011 година виетнамската организација „Рекордите на Виетнам“ ја прогласи Н’гујен Ти Чу за најстарата личност во земјата. Четири години подоцна нејзината долговечност беше призната и на светско ниво кога WRA ја призна за најстарата личност на светот.
Кон средината на мај годинава, пак, Геронтолошката истражувачка група објави дека почина 116-годишната Сузан Машат Џонс, која беше прогласена за најстарата личност на планетата според Гинисовата книга на рекордите. По смртта на Џонс, сега најстара личност на светот е верификувано од Гинисовата книга на рекордите е, исто така, 116-годишната Ема Морано Мартинуци од Италија.
Носител на титулата најстар човек на светот со 117 години верификувано од Гинисовата книга на рекордите, пред Џонс му припаѓаше претходно на Јапонецот Џироемон Кимура роден на 19-ти април 1897 година кој во јуни 2013 година почина од старост.
Најстарата личност, инаку, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години.
Меѓутоа, на крајот од април 2015 година Виетнамката Н’гујен Ти Чу, тогаш со 122 години, беше потврдена како најстарата жена на светот, според директорот на Гинисовата книга на рекордите, со што таа официјално ја презема „титулата“ од Јапонката Мисао Окава којашто почина на 1-ви април 2015 година на возраст од 117 години, а само седмица подоцна почина и Американската Гертруд Вивер, којашто со своите 116 години на кусо беше најстара жена и воедно личност на планетата.
По деталното проверување Н’гујен Ти Чу од градот Хо-Ши-Мин, официјално на 20-ти април 2015 година беше прогласена за најстариот жител на планетата Земја. Родена 1893 година, Чу во своите 40-ти години го родила своето најмладо дете, синот кој во 2014 година починал на 72 години.
На 11-ти јуни 2014 година беше објавено дека Кармело Флорес, кој според боливиските власти беше најстариот човек на планетата, починал во 124 година од животот во болница во Ла Паз. Кармело Флорес, припадник на домородната индијанска заедница Аимара, официјално е роден на 16-ти јули 1890 година. Живеел на надморска височина од 4.000 метри во зафрленото селце Фраскиа, западно од Ла Паз, во близина на езерото Титикака, хранејќи се со житарките кои успеваат на Андите и пиејќи исклучиво изворска вода. Селскиот лекар, Адалберто Сегалес истакна тогаш дека старецот „боледувал од дијабетес”, како и дека последниот период му се влошила здравствената состојба. Зад себе остави син, 14 внуци и 39 правнуци.
Кон крајот на јули 2013 година, Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп, издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година.
Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук на една старица, објави дека починала најстарата личност на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата. Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврди дека починатата имала навршено 136 години од животот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вашиот мозок ја мрази оваа утринска навика, а речиси сите ние го правиме тоа штом ќе ги отвориме очите

Иако многу луѓе ги започнуваат своите утра со истиот ритуал – земање на телефонот пред целосно да се разбудат – научниците предупредуваат дека оваа утринска навика може да има сериозни последици за нашиот мозок и целокупното ментално здравје.
Мозокот на почетокот на денот
Првите минути по будењето се особено чувствителен период за мозокот. Во ова време, тој е во состојба на таканаречена „врвна невропластичност“, што значи дека е најприемчив на нови информации, промени и влијанија од околината.
Во исто време, нивоата на допамин – хормонот на среќата – се природно покачени, додека кортизолот обезбедува енергија и фокус за почетокот на денот.
Токму тогаш, наместо да им дозволиме на нашите мозоци сами да го насочат своето внимание и креативност, повеќето луѓе веднаш го вклучуваат екранот. Резултатот? Телефонот ја презема контролата врз нашите мисли, а мозокот губи драгоцен момент за природно насочување на енергијата и продуктивноста.
Како изгледа поздрав почеток на утрото
Експертите препорачуваат да ги поминете барем првите 20 минути од денот без технологија. Наместо тоа, можеме да се посветиме на истегнување, пишување неколку кратки белешки за приоритетите или едноставно уживање во кафе без одвлекување на вниманието. Овие мали промени му овозможуваат на мозокот да ја „води играта“ и да го постави тонот за остатокот од денот.
Друг важен совет се однесува на вечерните часови. Користењето на телефонот непосредно пред спиење, особено поради сината светлина што ја емитуваат екраните, може значително да го наруши квалитетот на сонот, бидејќи го намалува лачењето на мелатонин – хормон кој е клучен за заспивање. Затоа се препорачува да ги исклучите уредите најмалку еден час пред спиење.
Мали трикови за голема промена
- Поместете го полначот – оставете го телефонот да се полни надвор од спалната соба.
- Утрински ритуал без екран – длабоко вдишете, истегнете се или запишете три работи на кои сакате да се фокусирате.
- Вечерна рутина – книга, смирувачка музика или кратка медитација може да биде многу подобар избор од бесконечното скролување.
Утрото без телефон може да изгледа чудно на почетокот, но по само неколку дена, многу луѓе забележуваат повеќе енергија, подобра концентрација и постабилно расположение. На крајот, можеби токму тие први 20 минути ќе одредат каков ќе ни биде целиот ден.
фото: принтскрин
Забава
Сè се менува, но едно не: зошто жените живеат подолго од мажите?

Повеќе од два века знаеме еден неоспорен факт: каде и да сме во светот, жените живеат подолго од мажите во просек. Зошто е тоа случај долго време останува мистерија, но меѓународен тим истражувачи тврди дека конечно го пронашол главното објаснување – а тоа е генетиката.
Според нова студија, клучот лежи во таканаречената „хетерогаметичка теорија за полот“. Имено, мажите се „хетерогаметички пол“ затоа што имаат различни полови хромозоми – еден X и еден Y – додека жените имаат два X хромозоми. Токму оваа разлика ги става мажите во неповолна положба, пишува Дејли Меил.
Комбинацијата на XY хромозомите ги прави мажите поподложни на штетни мутации и болести, што на крајот води до пократок животен век. „Веруваме дека хетерогаметичкиот пол е барем делумно објаснување“, вели д-р Фернандо Колчеро од Институтот Макс Планк за еволутивна антропологија.
Жените, од друга страна, имаат два X хромозоми, кои им обезбедуваат дополнителна заштита. Ако едниот ген е неисправен, другиот често „влетува“ и ја неутрализира штетата. „Во основа, две копии од истите гени се подобри од една“, објаснува д-р Јохана Старк, еден од авторите на студијата. Покрај тоа, Y хромозомот често содржи долги секвенци на повторувачка ДНК што може да биде штетна, што дополнително ги ослабува мажите.
Според порталот Our World in Data, просечниот очекуван животен век во светот е 73,8 години за жените и 68,4 за мажите. Иако бројките се менувале низ историјата, трендот останува ист – жените живеат подолго. Овој модел не е единствен за луѓето. Слични правила важат и во животинскиот свет: кај повеќето цицачи, женките живеат подолго, додека кај птиците, влекачите и многу инсекти ситуацијата е спротивна – мажјаците почесто ги надживуваат женките.
Научниците наведуваат и други фактори. Еден од нив е сексуалната селекција – еволутивна трка во која мажјаците развиваат карактеристики како што се поголеми тела, шарени пердуви или рогови за да привлечат партнери. Иако ова го зголемува репродуктивниот успех, одржувањето на таквите карактеристики „се плаќа“ со пократок живот. Потоа, тука е и родителската грижа. Женските цицачи, како примарни старатели, веројатно еволуирале за да го обезбедат опстанокот на своите потомци додека не станат независни.
Нова студија, објавена во списанието „Science Advances“, потврдува дека разликите во животниот век меѓу половите се длабоко вкоренети во генетиката и еволутивните процеси. Дури и во контролирани услови на зоолошки градини, каде што нема природни закани како што се предаторите, женските цицачи сè уште живеат подолго од мажјаците во просек.
Иако генетиката игра голема улога, експертите забележуваат дека социјалните и факторите на однесување не се занемарливи. Сепак, едно е сигурно – јазот меѓу мажите и жените кога станува збор за долговечноста постои со векови и нема да исчезне наскоро.
фото: принтскрин
Забава
Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Колку долго можете да држите планк по 45-годишна возраст? Оваа едноставна вежба открива дали сте посилни и во подобра форма од вашите врсници.
По 45-годишна возраст, вашето тело почнува да испраќа суптилни пораки: вашите мускули повеќе не се толку брзи, а рамнотежата и стабилноста стануваат сè поважни.
Затоа експертите предлагаат едноставна вежба која на прв поглед изгледа банална, но всушност открива повеќе за вашата физичка подготвеност отколку бројот на вагата или километрите поминати на лентата за трчање. Тоа е планкот, статична вежба која го ангажира целото тело и покажува колку сте навистина силни.
Правилниот планк изгледа вака: потпрете се на подлактиците, лактите треба да бидат директно под рамената, нозете испружени и цврсто потпрени на прстите. Вашето тело треба да формира права линија од главата до петиците, без да ги спуштате колковите или да ги кревате задникот.
Клучот е да ги активирате стомачните мускули, да ги затегнете задникот и да ги држите рамената стабилни. Не станува збор за тоа кој може да издржи најдолго, туку за тоа да ја направите секоја секунда како што треба.
Колку време е доволно? Ако можете да издржите една минута, експертите се согласуваат дека покажувате солидна сила на јадрото. Минута и пол или повеќе е знак дека сте во подобра форма од повеќето ваши врсници, а две минути или повеќе се сметаат за одлични.
Ако минутата ви изгледа недостижна, не грижете се – со редовна вежба, три до четири пати неделно, и додавање на неколку секунди секој пат, напредокот ќе дојде побрзо отколку што мислите.
Вредноста на планкот лежи во неговата едноставност. Додека ја држите позата, истовремено ги зајакнувате стомачните мускули, грбот, рамената, нозете и задникот.
Го подобрува држењето на телото, го намалува ризикот од болки во долниот дел од грбот и го олеснува извршувањето на секојдневните движења, од одење до собирање торби за намирници. А најдобриот дел е што не ви е потребна никаква опрема за да го направите овој тренинг, само под и малку упорност.