Контакт

Надворешна политика

Наумовски: Нема да прифатиме предлог што ќе биде на штета на македонскиот идентитет

Објавено пред

Македонија нема да прифати предлог кој ќе биде на штета на македонскиот народ, македонскиот национален идентитет или пак на посебноста на македонската нација, јазик и култура, вели новиот македонски преговарач во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Васко Наумовски во интервју за „Република“.

dobivaj vesti na viber

 

„Резолуциите на Советот за безбедност на ОН ја определуваат рамката за нашите разговори со соседна Грција – надминување на разликите што ги имаме околу името. Овој проблем не е создаден од наша страна, туку е наметнат од јужниот сосед. Македонија во континуитет ја демонстрира својата искрена определба за надминување на разликите поврзани со ова прашање и не се откажала од барање решение што ќе биде прифатливо и за двете страни. Позициите се повторени во повеќе наврати и се верификувани од граѓаните преку поддршка на изборните програми – нема да се прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, нема да се прифати каков било предлог што ќе биде на штета на македонскиот народ, македонскиот национален идентитет, ниту, пак, на посебноста на македонската нација, јазик и култура. И, секако, останува јасната определба за одржување референдум на кој граѓаните ќе го кажат последниот збор за евентуалното решение. Исто така, тоа евентуално решение треба да биде засновано на меѓународното право“, изјави Наумовски.

 

Според него, напредокот во процесот на надминувањето на разликите околу името може да биде постигнат само преку искрена определба на Скопје и Атина.

 

„Напредок во процесот на надминување на разликите околу името може да се очекува само со искрена определба од двете вклучени страни, при што таа определба мора да се поткрепи со конкретни чекори, а не само со декларативни заложби. Имајќи ги предвид сите случувања во минатото, свесни сме за потребата од дополнителни напори кај нашиот јужен сосед, што може да придонесе да се направи чекор напред. Постоењето разлики околу името го оневозможува зацврстувањето на меѓусебната соработка, која е во интерес и на двете држави.Гледано во еден поширок контекст – економски, безбедносен и политички – членството на Македонија во Европската унија и во НАТО е во интерес и на Грција“, порачува новиот македонски преговарач.

 

Наумовски додава дека Македонија има јасно определба за почитувањето на меѓународното право, и повикува на ист однос и од Грција во поглед на пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

 

„Одредени држави се повикуваат на меѓународното право само кога тоа е во нивни интерес, а во други случаи го игнорираат. Ние имаме јасна определба за почитување на меѓународното право, и повикуваме на ист однос и од нашите соседи. Пресудата е јасна – Грција ја прекрши Привремената спогодба и треба да се воздржи од нејзино прекршување во иднина.Тоа што ние долго време го истакнувавме беше потврдено и од Судот во Хаг, со што стана јасно дека нашите аргументи се оправдани и издржани.Таа останува важен сегмент од претставувањето на нашите позиции, покрај сите други аргументи“, смета Наумовски.

 

Наумовски, кој е и нов македонски амбасадор во САД, додава дека очекува позитивен развој на настаните само тогаш кога и двете страни ќе се посветат на надминување на разликите, а во моментов Македонија е страната која што е заинтересирана за решавањето на овој спор, додека другата страна е заинтересирана за одолговлекување на проблемот.

 

„Позитивниот развој на настаните може да го очекуваме во моментот кога и двете страни искрено ќе се посветат на надминување на разликите. Сметам дека во овој момент Република Македонија е страната што е заинтересирана да се реши овој спор, а другата страна е заинтересирана тој да се одложува. Постоењето на македонскиот народ и неговата посебност не зависи од нечии желби или намери. Реалноста на нашето постоење како нација и како држава одамна не може да се игнорира“, вели Наумовски за „Република“.

 

Запрашан за тоа дали може да се очекува промена на грчката политика во однос на ова прашање, Наумовски вели дека и во Грција државните позиции се засновани на консензус меѓу политичките партии, и оттаму не може да се очекува дека со промена на власта во Грција би дошло и до промена на нивната политика за ова прашање.

 

„Тоа што може да помогне е промена во прифаќањето на реалноста, како и промена на перцепцијата за некаква загрозеност за грчките интереси инспирирана од нашата страна.Опасноста за Грција не доаѓа од Македонија“, порачува Наумовски./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 минути

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија13 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ14 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ14 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија15 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија17 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија17 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ18 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија20 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија21 час

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ22 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ23 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија23 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион23 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа1 ден

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион1 ден

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија1 ден

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...