Контакт

Компании

ŠKODA Octavia достапна со погон на сите четири тркала

Објавено пред

ŠKODA Octavia лимузина сега е достапна и со погон на сите тркала. Новата ŠKODA Octavia 4х4 ја комбинира високата практичност на лимузина со погон на сите тркала со веќе докажаните квалитети на моделот Octavia.

dobivaj vesti na viber

 

 

Во автомобилот се вградуваат три дизелски и еден бензински мотори. Во моментов семејството на Octavia брои седум члена, од кои три имаат погон на сите тркала. Во исто време, ŠKODA ја проширува својата 4×4 понуда на вкупно седум возила.

 

“Со ŠKODA Octavia 4х4, ние ја прошируваме понудата на нашиот најважен модел со атрактивна верзија и уште еднаш ја докажуваме нашата висока конкурентност кај возилата со погон на сите тркала”, изјави членот на одборот за продажба и маркетинг на ŠKODA  – Вернер Ајхон.

 

Управувањето на ŠKODA Octavia 4×4 е импресивно – без оглед на тоа дали се вози на асфалт, на угорнини или удолнини, тежок  терен или проблематични ситуации. Сето тоа го овозможува петтата генерација на Haldex спојката, базирана на технологијата за погон на сите тркала, во комбинација  со моќните мотори и комфорната внатрешност.

 

ŠKODA Octavia 4×4  сериски e опремена со електронска блокада на диференцијалот (EDL). Задната оска има иновативно мулти линк потпирање со една надолжна и три попречни водилки по тркало и стабилизатор. Прецизната интеракција меѓу овие технологии овозможува врвно управување, одлична способност за извлекување од свиоци, молскавично забрзување и голем капацитет за влечење.

 

Најмладиот член на семејството Octavia 4х4 ги поседува извонредните квалитети кои ги поседува ŠKODA Octavia со погон на предните тркала: таа е луксузна, просторна и многу практична  со голем број „Simply Clever“ решенија. Автомобилот има иновативни системи за безбедност и системи кои овозможуваат комфор како и ниска потрошувачка на гориво, динамичен и елегантен дизајн.

 

Haldex 5 технологија за погон на сите тркала, мотори со високи перформанси, одлични управувачки карактеристики

 

Погонскиот систем на ŠKODA Octavia 4х4 е еден од најмодерните и најефикасни кога станува збор за технологијата за погон на сите тркала. Преку контролната единица на Haldex 5 спојката, системот за погон на сите тркала е програмиран да го пренесе вртежниот момент главно на предната оска во нормални услови и при мали оптоварувања. Доколку е потребно, во дел од секунда се вклучува и задната оска, тоа се случува толку брзо така што не е можно да се изгуби контактот со подлогата.

 

Новата ŠKODA Octavia 4×4 има импресивен капацитет за влечење. Возилото со 2.0 TDI мотор со  110 kW 150 КС може да влече до два тона

 

Во автомобилот се вградуваат вкупно четири мотори: три турбо дизел мотори и еден турбо бензински мотор.

 

1.6 TDI моторот со Green tec технологија има 77 kW 105 КС, а комбинираната потрошувачка изнесува само 4.5 l/100 km. Емисијата на CO2 изнесува  119 g/km. Со основниот мотор, Octavia 4х4 забрзува од 0 до 100 km/h за 11.5 секунди, а максималната брзина изнесува 191 km/h.

 

2.0 TDI со Green tec технологија има 110 kW 150КС и троши 4.7 l/ 100 km, емисијата на CO2 изнесува  122 g/km. Автомобилот со овој мотор ја достигнува максималната брзина од 215 km/h. Забрзува од 0 до 100 km/h за 8.6 секунди.

 

Помоќниот 2.0 TDI мотор со Green tec технологија има 135 kW и троши 4.9 l/100 km. Емисијата CO2 е 129 g/km. Со овој мотор Octavia 4×4 забрзува од 0 до 100 km/h за 7.1 секунди. Максималната брзина е 228 km/h.

 

Бензинскиот 1.8 TSI мотор со Green tec технологија произведува  132 kW 180 КС и стандардно доаѓа со автоматски шест брзински DSG менувач. Комбинираната потрошувачка со овој мотор изнесува  6.7 l/100 km, што е соодветно на 154 g/km емисии на CO2. Octavia 4х4 1.8 TSI ја достигнува максималната брзина од 229 km/h. Забрзува од 0 до 100 km/h за само 7.4 секунди.

 

Со новата Octavia 4×4 лимузина, понудата на 4×4 модели од ŠKODA сега брои седум возила: ŠKODA Octavia 4х4, ŠKODA Octavia Combi 4х4, ŠKODA Octavia Scout, ŠKODA Yeti 4х4 и ŠKODA Yeti Outdoor 4х4, како и ŠKODA Superb 4х4 и ŠKODA Superb Combi 4х4. Со сите овие модели во компактната и средната класа ŠKODA има најнова и најширока понуда на возила со погон на сите тркала во Европа. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park

Објавено пред

Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.

dobivaj vesti na viber

Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.

Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.

Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:

Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен

Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела

Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година

Објавено пред

Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.

Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.

„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.

Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.

Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет2 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа3 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа3 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа3 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија17 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија18 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија21 час

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија21 час

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...