Европа
Франција почна да ги црпи резервите горива, полицијата ги разбива барикадите

Франција започна да ги троши своите стратешки резерви од нафтени деривати, соочувајќи се со проблемот за снабдување со горива поради социјалните немири, објави во средата Францускиот сојуз на нафтената индустрија, а полицијата сои водени топови започна да ги растерува демонстрантите коишто ги блокираат магацините во близина на границата со Белгија, надоврзувајќи се на веќе тековните штрајков против новиот закон за труд и нуклеарните централи.
Франција започна да ги троши своите стратешки резерви од нафтени деривати, соочувајќи се со проблемот за снабдување со горива поради социјалните немири, објави во средата Францускиот сојуз на нафтената индустрија, а полицијата сои водени топови започна да ги растерува демонстрантите коишто ги блокираат магацините во близина на границата со Белгија, надоврзувајќи се на веќе тековните штрајков против новиот закон за труд и нуклеарните централи.
„Веќе два дена, имајќи предвид дека имаше проблеми во функционирањето на рафинериите, блокадите на магацините, започнавме во соработка со власите да ги користиме стратешките резерви“, изјави претседателот на Францускиот сојуз на нафтената индустрија, Франсоа Дусез.
Шест од осум француски рафинерии работат забавено или воопшто не функционираат, магацините со горива се блокирани од штрајкувачите и демонстрантите против реформата на законот за труд, кој е оценет како премногу либерален, им дава големи права на работодавачите и ги намалува на работниците. Се проценува дека околу четири илјади бензински црпки низ земјата до средата ги потрошиле своите резерви.
„Ситуацијата е напната. Ги полниме нашите резервоари од предострожност, бидејќи стравуваме, а потрошувачката е зголемена за три па и за пет пати во некои зони. Не сме опремени за такво нешто на логистичко ниво“, признава Дисез.
Портпаролот на владата, Стефан Ле Фол, потврди во средата дека „државата и владата ќе сторат сé што е потребно да ослободат извесен број од тие рафинерии или складишта за да го гарантира снабдувањето на Французите“.
Полицијата подоцна се обиде да ги растури блокадите во Души-ле-Мине во северна Франција.
„„Полицијата реагираше на препад. Користеа водени топови. Ја растурија нашата блокада, складиштето беше деблокирано без конфронтација“, изјави Вили Данс, портпарол на локалната филијала на синдикатот SUD.
Националниот синдикат CGT повика на 24-часовен штрајк кај нуклеарната централа Ножен-сур-Сен, југоисточно од главниот град Париз, кој треба да започне во средата навечер./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин