Контакт

Hitech

Airbus патентираше авион со кој од Лондон до Њујорк ќе се патува за еден час

Објавено пред

Airbus патентираше авион што може да лета со надзвучна брзина. Американскиот уред за патенти го одобри барањето на компанијата за патентот „ултрабрз авион и сродни методи на воздушно движење“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Од Airbus порачуваат дека авионот би можел да лета со брзина од 4,5 Маха, што е четири и пол пати повеќе од брзината на звукот.

 

Business Insider пишува дека тоа значи оти нивниот авион би можел од Лондон до Њујорк да стигне за само еден час. Колку за споредба, денес на пензионираниот Конкорд за истата релација би му требале три и пол часа, а на конвенционалните авиони за преминот преку Атлантскиот океан им треба седум до осум часа.

 

Познато е дека новиот авион би требало да го придвижат три различни видови на мотори во секвенцијален распоред, заради што може да достигне брзина од 5000 километри на час. При полетувањето го придвижуваат два турбомотора под трупот и еден ракетен мотор, што се наоѓа на задната страна на авионот. Би полетувал исправено, како спејс шатлот. Пред достигањето на брзината на звукот, турбо моторите би се вовлекле во трупот, а понатаму леталото би го придвижувал ракетен мотор до височина над 30 километри. Потоа тој би се угаснал и вовлекол во трупот, а работата би ја презеле два млазни мотора поставени на крилата до максимална брзина од 4,5 Маха. Нив би ги придвижувале различни видови на водородни горива, предлагаат од компанијата. /крај/ин/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Објавено пред

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.

dobivaj vesti na viber

На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.

Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.

Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.

Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Објавено пред

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.

dobivaj vesti na viber

Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.

Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.

На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.

Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Објавено пред

Илон Маск се појави на поткастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).

dobivaj vesti na viber

Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како „Грок“, до која луѓето може да пристапат преку „Икс“.

Роган се пошегува дека „Грок“ има валкан режим на разговор од 18+ и непресметлив режим нарекувајќи го многу чуден. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс-роботи предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.

„Набргу вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, го прашал Роган, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија1 час

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет3 часа

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ3 часа

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа4 часа

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија5 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет6 часа

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет7 часа

„Харвард“ ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија8 часа

На Табановце и на Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа15 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет15 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет15 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа16 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа16 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа22 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија24 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа1 ден

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија1 ден

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа1 ден

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...