Контакт

Надворешна политика

Попоски: Одложувањето на пристапните преговори со ЕУ е најголемата грешка

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Најголемиот напред во критичните области за земјите од Западен Балкан се постигнува за време на пристапните преговори за членство во ЕУ, а одложувањето на почетокот на овие преговори со Македонија беше најголемата грешка, смета шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

 

„Постојат неколку критички точки што укажуваат на проблеми што ги имаат сите земји од нашиот регион, без разлика дали се во ЕУ или не. Владеењето на правото или ефикасноста на админстрацијата се точки во кои мораме да покажеме напредок. Ова важи за Македонија, но исто и за Србија, Црна Гора и Албанија. Сепак, најголемиот напредок се постигнува за време на преговорите за членство во ЕУ. Затоа, најголемата грешка беше отпочнувањето на преговорите со Македонија да се одложува веќе осум години“, вели министерот во интервју за австриски Die Presse.

 

Според Попоски, најголемиот проблем во евроинтеграциите настана во 2009-та година, кога во Европскиот совет се создаде впечаток дека преговорите ќе се одложат само за кратко и дека спорот за името со Грција ќе се реши во најбрзо време. „Сега ја добивме осмата препорака на Европската Комисија за отпочнување пристапни преговори. Првата ја добивме во 2009-та година. Европскиот совет тогаш ја направи големата грешка што не ја следеше оваа препорака. А Грција бараше да се одолговлечи почетокот на преговорите. Во Советот се создаде впечаток дека преговорите само за кратко ќе се одложат и дека спорот за името ќе се реши во најбрзо време“, вели тој.

 

Премногу оптимистички би било да се каже дека Грција ќе се откаже од блокадата кон Македонија, но во моментот има промена во атмосферата помеѓу двете земји, што може да биде добар предуслов за во иднина, додава македонскиот министер.

 

„Во изминатата година воведовме мерки за градење на доверба со Грција. Тоа им дава еден целосно нов квалитет на нашите билатерални односи. Уште од независноста на Македонија не постоел период на толку интензивна соработка со Грција. Би било премногу оптимистички да се каже дека знаеме кога точно ќе се случи тоа (прекин на блокдата). Но атмосферата е промената, а тоа е добар предуслов за да се случи нешто во тој правец“, потенцира Попоски.

 

Во интервјуто за австрискиот весник, министерот исто така се осврна и на бегалската криза и на нејзиното влијание врз Македонија. Според него, договорот помеѓу ЕУ и Турција е потребен за да не се повтори минатогодишната состојба, кога кризата ескалираше.

 

„Сè уште не сме ја достигнале точката на која Договорот може да доживее неуспех. На Турција ѝ се потребни сојузници, a на ЕУ ‒ и пред сè на Германија ‒ и е потребен договор, за да се спречи минатогодишната состојба. Ниту еден политичар не може да си дозволи влез на толку многу бегалци, а особено не Германија, на која ѝ претстојат избори во 2017 година. Не мислам дека некој сериозно сака да го загрози договорот меѓу ЕУ и Турција. Во Турција има легитимно очекување во поглед на помош од ЕУ. Турција има прифатено 2,5 милиони бегалци. На нашата граница регистрираме колку бегалци пристигнуваат. Со оглед на намалениот број бегалци, може да се заклучи дека Турција нешто направила“, додава тој.

 

Состојбата со бегалците во Македонија, пак, за разлика од минатата година е подобрена, но треба да биде јасно дека кризата сé уште не е завршена.

 

„Дневно регистрираме 20 до 50 илегални преминувања на границата. Од почетокот на годината, повеќе од 30 илјади луѓе се обиделе илегално да ја преминат границата од Грција кон Македонија. Но, во соработка со грчките гранични власти, најголемиот број од нив беа спречени. Тоа е далеку помал број во споредба со минатата година. Тогаш имавме случаи кога околу 40 илјади лица дневно ја минуваа границата. Но, треба да ни биде јасно дека кризата сè уште не е надмината. Не би сакал да исклучам ситуација кога повторно повеќе луѓе би ја користеле балканската рута. Барем не засега“, заклучува шефот на дипломатијата./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ3 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија4 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија5 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија5 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија6 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа6 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет6 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет8 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет8 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет8 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет8 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија16 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија21 час

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...