Компании
Светската премиера на два нови автомобила од Volkswagen
Оваа година Volkswagen го збогати GTI митингот со две светски премиери на два неверојатни Golf модели од иднината: Golf GTI Clubsport и Golf GTE Sport.
Golf GTE Sport е концепт автомобил со карбонска каросерија, со ново осмислена патничка кабина и plug-in хибриден систем со моќност од 295 kW / 400 КС, како и погон на сите тркала. Volkswagen покажа што сè може да се постигне кога GT идејата e пресликана во иднината. Во меѓувреме беше донесена одлуката идната година Golf GTI Clubsport со моќност од 195 kW / 265 КС да биде поставен на производната лента како јубилеен модел по повод 40-тиот роденден на GTI.
Повеќе од три децении во месец мај, јужниот брег на езерото Вуртерзе во Австрија е Мека за GTI фановите. Овој настан премина во традиција на која Volkswagen прикажува посебни автомобилски изненадувања за посетителите, чии број честопати достигнува и до 200 000.
Покрај светските премиери, Volkswagen покажа и три нови автомобили на брегот на езерото Вуртерзе: новиот Scirocco GTS и две исклучителни изведби на Golf традиционално дизајнирани од страна на практикантите на Volkswagen.
Golf GTE Sport ја пренесува традицијата на Volkswagen GT во иднината. Вкупно три варијанти на мотори се комбинираат со хибридниот погонски систем со моќност од 295 kW / 400 КС кој ја дополнува моќта на високо технолошкиот Golf, кој во голема мера е изработен од карбон. Концепт автомобилот за кратко време ја достигнува максималната брзина од 280 km / h ја намалува разликата помеѓу патничките и тркачките автомобили. Овој исклучителен автомобили со својот прогресивен хибриден погонски систем на сите тркала, лесна каросерија, со одлична аеродинамичност и оптимално ниво на аеродинамичниот “downforce” ефект, шасијата која е изработена со висока прецизност, новата мотоспорт патничка кабина и новиот извонреден концепт за седење дополнително ги засилува неверојатните перформанси. Со едноставно притискање на само едно копче, концепт автомобилот ги нуди истите одлични перформанси и е во состојба да помине 50 километри само на електричен погон, притоа не загадувајќи ја околината.
Со моќност од 195 kW / 265 КС и врвни перформанси кои дополнително можат да се зголемат за уште 10%, благодарение на функција „boost“, Golf GTI Clubsport е подготвен да биде лансиран на пазарот на почетокот на 2016 година како најмоќниот GTI модел од производство досега. Јубилејниот модел ќе биде лансиран не само со новиот исклучителен мотор, но исто така тој ќе понуди многу можности за индивидуализација во ентериерот и голем избор на ексклузивни детали на каросеријата. Иновативната аеродинамика на Golf GTI Clubsport е многу блиску до професионалниот мотоспорт со сензационално зголемување на вертикалната сила на притисок врз подлогата преку аеродинамичниот “downforce” ефект.
Минатото летото, во голема мера беше обновен легендарниот спортски автомобил Scirocco. Врз основа на тој најнов модел, Volkswagen на брегот на езерото Вуртерзе за првпат во Европа го претстави Scirocco GTS. Со моќниот мотор од 162 kW / 220 КС, тој е најпопуларен модел од Scirocco семејството, бидејќи ги има истите спортски гени како и моторот на Golf GTI. Scirocco забрзува од 0 до100 km / h за само 6,5 секунди, а максималната брзина изнесува 246 km / h кај моделот со мануелен менувач (кај Scirocco GTS со DSG автоматски менувач максималната брзина изнесува 244 km / h). Ознаката „GTS“ подразбира стандардна спортска опрема вклучувајќи ги и новите 18-инчни алуминиумски тркала и спортските браници како и многу други детали наменети за индивидуализација на надворешноста и внатрешноста. Купето како опција може да се нарача и со спортска GTS фолија за каросеријата на возилото. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)

