Македонија
Судијка била сведок на инцидентот во Основниот суд Скопје 1- Скопје
Стручниот соработник од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој беше пријавен од претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски за наводен напад врз вработена, во вторникот бил повикан на распит во Полициската станица „Центар“.
Извори на Макфакс велат дека стручниот соработник, за кого била поднесена прекршочна пријава, дал свое видување на вчерашните настани. Тој негирал каков и да е физички напад врз колешка.
Од извори блиски до судот се дознава дека единствен очевидец на случувањата од вчера е судијка, која на пошироката јавност ѝ стана позната по одлуката да ги отфрли таканаречените „бомби“ како докази коишто судот требаше да ги провери.
Иако, случајот заврши со поднесување прекршочна пријава се правеле напори настанот да биде пренесен во надлежност на скопското Обвинителство, но сé се завршило со прекршочна пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

