Скопје
Автобусите во Скопје ќе добијат систем за електронска наплата
Систем за автоматска локација на возила и за електронска наплата на билетите следната година ќе биде воведен во приватните и градските автобуси во Скопје.
Проектот во понеделник го најавија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, извршниот директорот на Т- Мобиле, Жарко Луковски и директорот на ЈСП, Мишо Николов.
„Со воведувањето на овој современ систем Градот Скопје и неговите граѓани ќе добијат повеќе придобивки како што се следењето на автобусите во реално време, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот во Градот“, изјави Трајановски.
Исто така, додаде, голема придобивка ќе биде и интегрирањето во овој систем и на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, односно граѓаните ќе можат еден билет да користат за возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП.
Рокот за имплементација на системот е 300 дена со вклучен пробен период од 30 дена, договорот за одржување е склучен на три години, а за реализација на овој проект се предвидени околу три милиони евра.
Директорот на ЈСП, Мишо Николов, ја потенцираше неопходноста од воведувањето на систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусите на ЈСП, нагласувајќи дека постојниот систем за наплата во автобусите на ЈСП е во колапс, бидејќи секојдневно се соочуваат со дваесетина расипани апарати за наплата.
Во делот на наплатата,ќе постои можност за воспоставување најразлични видови на плаќања (дневен билет, неделен билет, временски ограничен билет, зонски билет итн. што значи можност за воведување повеќе различни тарифни системи).
На располагање ќе бидат 61 место за надополнување и продажба на картички во кои влегуваат и три автономни автомати за издавање и дополнување на картички.
Директорот на Т- Мобиле, Жарко Луковски нагласи дека граѓаните ќе имаат можност на околу 6.000 места да извршат надополнување и ја најави можноста за плаќање со мобилен телефон.
Проектот ќе доведе и до заштеда на горивото поради рационализација на превозот и пократкото стоење на возилата на постојките, а со тоа и помало загадување на воздухот. Важно да се напомене, велат од Град Скопје, е и еколошкиот момент од заменување на постојните хартиени билети кои досега најчесто завршуваа по улиците и тревниците, со билети со чип чија трајност е четири години.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)

