Регион
Бандиќ пуштен од притвор со кауција

Истражниот судија во загрепскиот Жупаниски суд ја прифати во четврток кауцијата за бранење од слобода којашто ја понуди одбраната на загрепскиот градоначалник, Милан Бандиќ и другите осомничени во аферата „Аграм“.
Обвинителката на Ускок, Ксенија Кризман изјави дека судијата го прифатил предлогот на Ускок на осомничените да им се одреди притвор во истражен затвор, но оставил можност сите да се бранат од слобода со кауција.Како што неофицијално јавуваат медиумите, на Бандиќ му е прифатена кауцијата во висина од околу 15 милиони куни во недвижности на негови пријатели, односно околу два милиона евра, што е највисока понуда за кауција по кауцијата која ја понуди Иво Санадер во висина од 12,4 милиони куни во недвижнини.Истрагата опфаќа вкупно 16 лица и две фирми, а Обвинителството најавува блокада на имотот и испитување на 270 сведоци за време на истрагата, што може да трае со месеци.Во сите случаи градоначалникот на Загреб се сомничи дека го оштетил градот со којшто управуваше 12 години, освен во случајот со претседателската изборна кампања каде поради неплатени даноци на донациите примени по изборите во 2010 година, наводно го оштетил државниот буџет.Вкупната штета на Обвинителството се проценува на околу 2,6 милиони евра./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.