Скопје
Автоматски систем за наводнување на зеленилото во населбата Јане Сандански
Изградбата на автоматски систем за полевање на зеленилото во населбата Јане Сандански почна во петок, а се очекува да заврши на крајот на август, пред крајот на летната сезона, соопшти Општина Аеродром.
На површина од 13 хектари, поточно од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ до булевар „Србија“, ќе бидат поставени околу 1.500 прскалки, кои ќе црпат вода од бунарите за наводнување, така што ќе се користи исклучиво техничка вода.
На тој начин, велат од Општината, ќе се штеди скапоцената вода за пиење, а тревата повеќе нема да се наводнува рачно со црева како до сега.
Со оваа инвестиција, како што рече градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, се очекува зеленилото да биде постојано свежо дури и во најтоплите денови.
Инаку, Аеродром со своите вкупно 17 бунари со техничка вода е една од ретките општини во кои за наводнување на зелените површини не се користи вода за пиење.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

