Скопје
Општина Ѓорче Петров ќе ги обештети поплавените

Општина Ѓорче Петров, по невремето проследено со поплави, од минатата недела во Скопје, ги санира последиците, а најави и обештетнување на поплавените.
Општинската комисија за процена на штети од невремето на 8-ми август посети вкупно 140 домаќинстава. За сите поднесени барања за обештетување направени се записници и истите ќе бидат доставени до надлежните институции за надомест на штетата, соопштија од општината.Исто така, општината почна реконструкција на дел од патот Волково кон село Кучково до гробиштата „Се реконструираше дел од патот од центарот на село Волково кон село кучково до гробиштата. Овој дел од трасата беше видно оштетен од неодамнешното невреме. Со крпењето на патот ќе се затворат и опасните ударни дупки на ова делница кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот“, велат од Ѓорче Петров.Инаку, во минатонеделното невреме животот го загубија 22 лица, а нјпогодени беа Стајковци, Сингелиќ и Арачиново./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)