Црна хроника
Фатени двајца арамии
– фото илустрација
Деветнаесет годишен скопјанец, како и едно малолетно лице заработија кривични пријави за кражби.
Деветнаесет годишен скопјанец, како и едно малолетно лице заработија кривични пријави за кражби.
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Г. (19) и едно малолетно лице на возраст од 16 години од Скопје поради основано сомнение дека Ш.Г. извршил пет кривични дела од кои едно кривично дело “одземање на моторно возило“ и четири кривични дела “тешки кражби“, а додека второтопријавено лице извршило три кривични дела “тешки кражби“. Од страна на Судија на претходна постапка на Ш.Г. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Имено, првопријавениот Ш.Г. на 05-ти минатиот месец во точно неутврдено време на ул. “Скупи“ поточно во близина на болницата Бардовци, извршил одземање на ПМВ марка “Југо Темпо“, на тој начин што со употреба на погоден предмет (клуч или калауз) ја отворил заклучената врата од паркираното возило, влегол внатре, насилно ги откорнал жиците од контакт бравата и со нивно спојување го ставил возилото во погон при што неприметен од никого го напуштил местото на настанот. После поминати одреден број на километри, одземеното возило го паркирал во атарот на с.Злокуќани во непосредна близина на пешачкиот мост кај река Вардар и пред да го напушти возилото го одзел акумулаторот и една кутија со алати. Алатите ги продал на непознато лице, а акумулаторот го продал во отпад, додека добиените пари ги потрошил за свои потреби.Останатите три кривични дела тешки кражби ги извршил заедно со малолетното лице во периодот од 28.12.2015 година до 02.02. годинава во различен временски период на подрачјето на Карпош. Првите две кривични дела тешка кражба ги извршиле на идентичен начин во празни деловни простории на ул „Црвена Армија“, на тој начин што со употреба на сила ја отвориле влезната врата, влегле внатре и со употреба на погоден алат ја исекле доводната и одводната инсталација при што одзеле четири радијатори и по истиот пат од кај што влегле заедно со украдените предмети го напуштиле местото на настанот. Радијаторите со такси возило ги однеле во отпад каде што ги продале за сума од околу 2800 денари.На 02.02.2016 година околу 15,00 часот, Ш.Г и малолетното лице извршиле тешка кражба во куќа лоцирана на ул.„Скупи“, каде што ја прескокнале оградата, влегле во дворот по што се качиле на летната тераса од каде што одзеле едно плинско решо, и две плински боци по што го напуштиле местото на настанот. Наредниот ден украдените предмети ги однеле на пазарот за стари работи „Под Кале“ каде ги продале на непознати купувачи за сума од 3.000 денари, а добиените пари ги потрошле за свои лични потреби.Во ПС ОН Карпош билe извршени разговори со пријавениот Ш.Г. и малолетното лице во присуство на родител при што истите ги признале и појасниле начинот на извршувањето на кривичните дела. Дел од украдените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените.Инаку Ш.Г. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, потоа кривични дела против половата слобода и половиот морал и кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2013 до 2015 година поднесени му биле 23 кривични пријави. Малолетното лице исто така е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот за што од страна на СВР Скопје во текот на минатата година му биле поднесени 12 кривични пријави. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

