Црна хроника
Тешка кржба во Скопје, штета од половина милион денари
Крадец успеал да одземе од куќа во Скопје телевизори, рачни асовници, парфеми, компјутери и друго, и да нанесе штета од половина милион денари, соопшти полицијата.
Ноќеска, по полноќ, во полициската станица Ѓорче Петров, М.Т. (45) од Скопје пријавил дека на дента во периодот од 15 до 00.15 часот во неговиот стан на улицата „Лихнида“ непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот со погоден алат го отворил прозорецот на дневната соба, влегол, извршил пребарување и одзел ЛЕД-телевизор, два преносни компјутера, таблет, три машки рачни часовници и околу 10 машки парфеми. Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 500.000 денари.
Потоа сторителот го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од полиција и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.