Скопје
Еден пункт за собирање донации за поплавените на Сквер Јадран
Сите пунктови кои беа организирани од фејсбук групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“, од сабота се стационираат во еден пункт сместен на Сквер Јадран во центарот на градот, од каде волонтери ќе ја собираат помошта и ќе ја дистрибуираат до оние на кои им е најпотребна.
„Утре (сабота), сите коишто нема да бидеме во можност да бидеме со лопата во рака (види настан: https://www.facebook.com/events/1650986225215867/) да бидеме на едно место, онаму каде што сме потребни – сите пунктови постануваат еден голем и координиран пункт за донации за настраданите во поплавените делови на Скопје – на Сквер Јадран, од 10 до 22 часот!
Веднаш по пристигнувањето и пакувањето, секоја донација ќе биде упатена онаму каде што е најнеопходна!“, информираат од групата.
Замолуваат за максимална поддршка за настраданите. Овој настан, за донации, со којшто сите пунктови стануваат еден пункт е координиран со настанот за чистење на најкритичните точки на теренот.
Потенцираат дека ситуацијата од теренот потврдува дека се неопходни уште многу донации!
Најнеопходни донации:
– Средства за дезинфекција
– Средства за лична хигиена
– Конзервирана и сува храна (храна којашто не треба да се готви или да се чува во фрижидер)
– Храна за бебиња
– Пелени за бебиња (сите броеви)
– Пелени за возрасни
– Прибор за чистење
– Кофи
– Ракавици за чистење
– Лопати
– Гумени чизми
– Работнички колички
– Лекови коишто се издаваат без лекарски рецепт
– Батериски ламби
– Плински боци и плински уреди за готвење
– Свеќи и ќибрит
– Медицински маски
– Хирушки ракавици
Од групата упатија јавен повик до сите производители на картонска амбалажа, до 9 часот, директно на Сквер Јадран да донираат картонска амбалажа во што поголем број – неопходна за пакување на пристигнатите донации. За координација можат да се обратат на телефонскиот број: 071 665 433! За нив, едно комбе или еден камион со картонска амбалажа е ништо, ама некому, може да му биде сѐ.
Волонтерите коишто ќе ги примаат и пакуваат донациите се неопходни, повеќе и од оние што и денес сме на терен!
ЗАДОЛЖИТЕЛНО: облечени во бели маици, како знак на препознавање! секој волонтер да носи: маркер, трака за лепење пакети и скалпел или ножици.
Потребни се и волонтери со возила, за директна дистрибуција на донациите до настраданите со гумени чизми, ракавици и медицински маски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

