Регион
Вучиќ: Поради навредата кон новинарката, Гашиќ ќе биде сменет

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ не може да остане на својата функција поради изјавата дека „сака новинарки кои лесно клекнуваат“, изјави во понеделникот српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.
„Кога слушнав што се случи, бев изненаден и шокиран. Тоа се работи кои не смеат да се случат никому, или не треба да се случат“, рече Вучиќ, додавајќи дека секогаш бил против хајките и секогаш стоел зад сите свои министри.
„Се поставував себеси како штит и секогаш добро го правев тоа, ги штитев од разни напади и обвинувања. Со тоа ги штитев и Србија и државата, но ова сега не можам да пронајдам ниту оправдување, ниту извинување“, порача Вучиќ и додаде дека било добро тоа што Фашиќ се извинил и дека та е еден новитет во политичкиот живот во Србија.
„Но извинувањето не е доволно. Мораме да ги заштитиме сите жени во Србија, тоа беше лоша порака за сите жени и кога станав премиер реков дека земјата ќе биде модерна и пристојна. Тоа е земја во која не се навредуваат жени, во која нема мачоизам и сексистички навреди“, продолжи Вучиќ.
Министерот за одбрана Братислав Гашиќ спорната изјава дека „сака новинарки кои лесно клекнуваат“ ја даде во неделата во Трстеник по посетата на една фабрика, односно непосредно пред да се обрати пред српските медиуми кои се подготвуваа да земат изјава ја направи оваа забелешка кон една новинарка на Б92, која клекна пред него за да не биде во кадарот на снимателите./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија може да му дозволи на Путин да прелета над земјата за да се сретне со Трамп во Будимпешта

Авионот што го превезува рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие права за прелет над Бугарија, за да може рускиот лидер да присуствува на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, според министерот за надворешни работи Георгиев, објави државното радио.
„Доколку има напори за постигнување мир, ако тоа е услов за одржување на состанок, тогаш најлогично е да се овозможи состанок од ваков тип на изводлив начин“, рече Георгиев, според извештајот.
Георгиев зборуваше на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Една можна воздушна рута од Москва до Будимпешта ги опфаќа Црното Море, Бугарија и Србија, но бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Други рути се протегаат на север, низ Белорусија и Полска или преку Балтичкото Море, Германија и Чешка. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот Путин-Трамп, разговараа во понеделник, објави руското Министерство за надворешни работи.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница по Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од таа меѓународна институција.
Москва го отфрла обвинението на МКС и ја прогласува потерницата по Путин за доказ за непријателството на Западот кон Русија.
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.
Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.
Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.
фото: принтскрин