Црна хроника
Тешко повреден скопјанец во сообраќајка пред Т.Ц.„Скопјанка“, прегазен и велосипедист

Двајца скопјани се тешко повредени во две одделни сообраќајки што се случија утрово во Скопје.
Првата сообраќајна несреќа се случи на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, кај трговскиот центар Скопјанка утрово во 4.45 часот. Автомобил „ауди“ со скопски регистерски таблици движејќи се по булеварот, изгубил контрола и наместо да сврти на кривината десно, свртел лево, удрил во бетонскиот ѕид од фонтаната што се наоѓа на крстосница. Возилото се извртело, а возачот останал приклештен во возилото. На местото на несреќата веднаш дојде полиција, Брза помош но четириесет и двегодишниот И.П. кој управувал со возилото не можеше да го извадат. Повикано беше противпожарно возило, па пожарникарите мораа да го пресечат возилото за да го извадат возачот. Возачот, кој бил сам во возилото, со тешки повреди е пренесен во специјалната болница за хируршки болници „Наум Охридски“.Втората сообраќајка се случила утрово околу 7.50 часот на булеварот „Трета македонска бригада“. Автомобил „рено“ со скопски регистерски таблици удрило во велосипедист кој со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар. Увидот на местото на несреќата е се уште во тек и нема информации за идентитетот на повреденото лице. Во петокот во сообраќајка што се случи на „Илинденска“ прегазено беше тринаесетгодишно дете кое возело велосипед./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.