Европа
Чешка бара итно да се затвори Шенген и да го брани НАТО

Чешкиот вицепремиер и министер за финансии Андреј Бабиш побара Европската унија итно да го затвори шенгенскиот простор за бегалците и за одбрана на границите да го ангажира НАТО, а на Блискиот исток и во Африка да направи огромни бегалски логори во кој би се правела селекција.
„Надворешната граница на шенгенскиот простор треба итно да се затвори за да може територијата на повеќето членки на Еевропската унија да се брани од приливот на бегалци, а во одбраната би требало да се вклучи и НАТО“, изјави во вторникот Бабиш.
„Кога ќе ја погледнете мапата, шенгенскиот простор има посебен облик. Тука е осамена Грција, а следната граница е Унгарија. Прашање е дали на македонската или на бугарската армија би им била потребна помош на НАТО. Ако државите на периферијата на шенгенскиот простор не се во состојба да го одбранат, би требало да се договориме на повисоко ниво“, им рече на чешките медиуми Бабиш.
Вицепремиерот ја повтори својата идеја ЕУ на северот на Африка и на Блискиот исток да изгради огромни бегалски логори, во кој би вршела селекција и ги одвојувала оние на кои навистина им е потреба помош од економските мигранти.
„Европа мора да каже дека не може да прими 10 милиони бегалци од целиот свет. Мора да каже: Не можете да доаѓате да бидете невработени и веднаш да примате социјална помош“, рече Бабиш.
И чешкиот претседател Милош Земан смета дека ЕУ треба со помош на армија да ги брани границите од бегалците. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“