Црна хроника
Една жртва во две железнички несреќи
Едно возрасно лице е починато и предизвикани се значителни материјални штети во две одделни железнички несреќи кои се случија во петокот крај Скопје и Битола.
Во петокот во утринските часови на дел од пругата меѓу железничката станица „Ѓорче Петров“, во правец кон железничка станица „Скопје Север“, поточно на самиот мост на реката Лепенец, патнички воз кој сообраќал на релација Кичево – Скопје удрил во 72-годишниот Стоица П. од кочанското село Теранце. Од здобиените повреди лицето починало на самото место.
Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Во петокот, исто така, околу 13 часот во Битола, на премин на пат преку железничка пруга, се случила железничка незгода меѓу возило „тојота рав 4“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот од А.Х.Р. и патнички воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје.
Од незгодата била оштетена рампа, сопственост на Македонски железници, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

