Надворешна политика
Иванов на комеморација по повод 70-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во вторник, 27 јануари 2015 година – Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот, ќе престојува во посета на Полска, по повод комеморацијата на 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау.
Според програмата, Иванов ќе присуствува на главната комеморација пред „портата на смртта“ во Биркенау, каде што ќе се обратат полскиот претседател, претставници на преживеаните и ќе се претстави кампањата „18 столбови на сеќавањето”.
На комеморацијата по повод 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау, најавено е присуство на голем број шефови на држави и влади.
Присуството на македонскиот претседател на овој настан е во рамки на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, меѓу кои се и најголем дел од Евреите од Македонија. Евреите се длабоко вкоренети во македонската земја, историја, традиција и култура уште од најраните времиња. Со сите свои верски, јазични и културни специфики, Евреите со векови придонесувале кон македонскиот модел на соживот. Соживотот и взаемното помагање биле насилно прекинати за време на Втората светска војна кога територијата на денешна Република Македонија стана плен на Третиот Рајх и неговите фашистички сојузници.
На 11 март 1943 година, фашистичкиот окупатор ги собрал речиси сите Евреи од окупирана Македонија, од градовите Битола, Скопје и Штип и ги депортирал во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка. 7144-те депортирани Евреи кои завршија во логорот на смртта – Треблинка, претставувале 98 проценти од севкупната еврејска популација на окупирана Македонија, од кои дури 50 проценти биле деца. Во 1944 година преживеаните ја возобновуваат Еврејската заедница во Република Македонија. Во спомен на овој значаен настан, на 19 декември 2014 година, на 70-годишнината од нејзиното возобновување, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов додели „Повелба на Република Македонија“ на Еврејската заедница во Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.