Контакт

Книги

Објавенa книга со раскази од аргентинскиот писател Исидоро Блајстен

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, неодамна ја објави книгата со раскази „Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ на познатиот аргентински писател Исидоро Блајстен, во превод од шпански јазик на Дарко Цветаноски.

dobivaj vesti na viber

Исидоро Блајстен (1933 – 2004) е аргентински раскажувач, романсиер, есеист и поет. Бил припадник на еврејската заедница што ги населувала руралните предели во провинцијата Ентре Риос во Аргентина за време на првата половина на 20-тиот век. Роден е со презимето Блајстајн, кое подоцна го менува во Блај¬стен, иако понекогаш уште се потпишувал како Блајстајн.Член бил на Аргентинската академија за писменост од 2001 до неговата смрт и дописник на Кралската шпанска академија, го комбинирал занимавањето со литература со држењето маал¬ска книжарница, откако претходно бил публицист и фотограф за деца. Соработувал со списанието „El escarabajo de oro“, како и со разни други печатени медиуми во Аргентина.Добитник е на две платинести награди „Конекс“ во катего¬ри¬јата за расказ, во 1994 и во 2004 година.Негови најпознати дела се збирките раскази „Спас“ (1972), „Затворен од меланхолија“ (1982), „Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ (1985), збирката поезија „Се случи на дождот“ (1965) и романот „Гласови во ноќта“ (2004).Неговите дела се карактеризираат со апсурдот и суптилниот хумор проткаени во одличната употреба на разговорниот јазик.„Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ е збирка раскази објавена во 1985 година и ги содржи најпознатите раскази на Блајстен, како што се „Даблин на југот“, „Среќа“, како и раска¬зот чијшто наслов го носи самата книга. Тие се извонреден одраз на генијот и раскажувачката виртуозност на Блајстен, како и доказ за вонредниот интелект на авторот. За оваа негова книга е кажано:„Блајстен му припаѓа на оној вид раскажувачи на апсурдот кои нѐ тераат меѓу два напада на громогласна смеа или меѓу два брана на морничавост да ги увидиме сите нијанси на животниот спектар. Чудно е да се почувствува толку среќа од читање… извонреден час по книжевност.“ – Le Nouvel Observateur„Во приказните на Блајстен е присутна верна сенка на Џонатан Свифт, Марсел Швоб, Хуан Хосе Ареола, Кортасар и Борхес. А зарем може да биде поинаку кога сите тие го обработувале апсурдот до неговите крајности и сите тие биле одлични раскажувачи – две доблести што исто така се препознаваат и кај Исидоро Блајстен“ – Винсент Батиста.Дела од Исидоро Блајстен се преведени на повеќе јазици, а оваа книга е прв превод на негово дело на македонски јазик./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија11 часа

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на...

Македонија12 часа

Објавен огласот за финансиска поддршка за сметките за струја за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи...

Топ13 часа

Обид за убиство во Струга – со нож го избол во стомакот, рацете и во вратот

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против две лица, од кои едното е осомничено за обид за убиство и насилство,...

Свет14 часа

Силен скок на цената на нафтата на светските пазари

По две недели пад, цените на нафтата нагло пораснаа на светските пазари, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето...

Македонија15 часа

Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а...

Свет16 часа

Трамп се закани: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби в среда...

Свет16 часа

Русија и Кина одржуваат воени вежби во морето крај Јапонија

Русија и морнариците на Кина одржуваат заеднички артилериски и противподморнички вежби во Јапонското Море како дел од планираните воени маневри,...

Македонија1 ден

Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и...

Економија1 ден

(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на...

Свет2 дена

„Среќни се ако јадат сув леб“ – трогателно сведоштво за брат и сестра во Газа кои гладуваат со недели

Мохамед Алмадун, од хуманитарна организација во Газа, рече дека во оваа палестинска енклава лекувал две малолетни деца – брат и...

Свет2 дена

Техеран се соочува со историска водна криза: „нултиот ден“ сè поблиску

Иранскиот главен град Техеран најверојатно е само на неколку недели од таканаречениот „нулти ден“, предупредуваат експертите – денот кога чешмите...

Свет2 дена

(Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и...

Македонија2 дена

(Фото) Сиљановска-Давкова: Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и криминалот, време е за нова пролет на нашата македонска република

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на чествувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката на Мечкин Камен во...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден. „Овој...

Македонија3 дена

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот...

Македонија3 дена

Kостадиновски: Нашето современо илинденско наследство е вистинската посветеност на владеењето на правото и правната држава

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка по повод Денот на Републиката, 2 август – Илинден. „Денес, 122 години...

Македонија3 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, ден кога сите треба да се поклониме пред минатото и да се заветиме за иднината

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден. „Илинден е симбол на нашата непокорност, заветот на Крушево и борбата на партизаните за...

Македонија3 дена

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката. „Во име на пратениците и...