Контакт

Филм

„Комуна“ на Томас Винтерберг, филм за едно наивно и идеалистичко живеење во седумдесеттите

Објавено пред

Во фокусот на вниманието на данскиот режисер Томас Винтеберг овојпат е заедницата – група луѓе, интелектуалци кои живеат заедно во една голема куќа, начин на живот кој беше во тренд во шеесеттите и седумдесеттите годиниод минатиот век.

dobivaj vesti na viber

 

Во раните 1970-ти, успешниот професор по архитектура Ерик наследува голема куќа во предгадието на Копенхаген и решава својата огромна вила да ја наполни со луѓе, да основа комуна заедно со неговата сопруга Ана и ќерката Фреја. Ана мисли дека овој општествен експеримент може да го збогати нивниот живот. На крајот на краиштата, таа е во брак со ист човек и ја работат истата работа веќе петнаесет години.

Ана е спикерка на вести на телевизија, а Ерик професор, двајцата средовечни луѓе. Вечерите ги минуваат заедно со останатите членови од комуната, но заедничките оброци со пријателите и пиењето пиво се претвораат во кисела атмосфера кога Ерик воведува нов член во групата, млада и убава студентка од групата каде што предава, која му станува љубовница. Неговата сопруга Ана се соглсива со овој „аранжман“, а всушност и го предложува, надевајќи се дека на тој начин ќе го задржи Ерик близу до неа. Навечер ги наслушува љубовните шумови од нивната спална и таа бидува скршена. Целиот експеримент завршува во солзи, тепачки и горки префрлувања.

Во филмот Винтерберг ги анализира емоционалните состојби на ликовите. Ерик лесно бега во апсолутно машко однесување. Тој ја изневерува својата жена практично пред нејзините очи, изгледа дека одвај има емоционална врска со неа или нивната ќерка. На крајот, тоа е неговата девојка која треба да му укаже дека неговата сопруга има емотивен слом. Но дури и тогаш тој не ја гледа штетата која ја создал. Наместо тоа, тој се жали дека сиве овие „женски прашања“ го одвојуваат и му пречат во неговата работа. Поради психичката состојба Ана ја губи работата на телевизија, а за да се спаси себеси го прифаќа предлогот на ќерката Фреја да ја напушти куќата и да започне нов живот.

Тоа што филмот е сместен во седумдесеттите години му дава интересна димензија на филмот и покажува како општеството се променило во последните четириесет години.

Режија: Томас Винтерберг, сценарио: Тобиас Линдхолм, Томас Винтерберг, Продуцент: Џесика Аск, Андреас Бак, Марие Данесен Музика: Фонс Меркиес,
Кинематографија: Џеспер Тофнер, Монтажа Јанус Билесков Јанус, Ан Остеруд, Улоги :Улрих Томсен, ФаресФарес, Трин Дирхолм, Хелен Реингард Њуман,
Фестивали и награди :Berlin International film Festival-Silver Berlin Bear- Best Actress(Trine Dyrholm)./крај/мф/св

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Објавено пред

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.

Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.

Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.

Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.

Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт34 минути

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија36 минути

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска се активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет2 часа

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион2 часа

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет2 часа

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија10 часа

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија14 часа

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ15 часа

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија16 часа

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија19 часа

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија20 часа

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized23 часа

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион23 часа

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија1 ден

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет2 дена

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија2 дена

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија2 дена

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет2 дена

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија2 дена

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија2 дена

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...