Надворешна политика
Меркел сака да ја види Македонија во ЕУ и НАТО
Македонија треба да стане дел од Европската унија (ЕУ) и НАТО, порачала германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот на состанокот на шефовите на земјите од Западен Балкан во Дубровник.
На состанокот кој е дел од „Брдо-Бриони процесот“, германската канцеларка се осврнала и на спорот за името, тврдејќи дека таа е запознаена со сите комбинации околу името и дека за евентуалното решение мора да се постигне компромис.
„ Мислам дека може и мора некако да го решиме тоа. Јас лично се вклучив во тоа и размислував за сите можни комбинации за името, но некогаш мислам дека не постои ништо повеќе што може да се измисли рече Меркел. Без компромис не ќе може да се реши проблемот, а компромисот значи дека сите страни истовремено треба да бидат незадоволни. Од компромисот не може да се очекува дека се ќе заврши со среќа. Кога сите се незадоволни на некој начин мора да се постигне компромис“, изјавила Меркел.
На состанокот учествуваше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, изразувајќи надеж дека Европскиот совет ќе ја донесе одлуката за пристапни преговори, имајќи ја предвид можноста за паралелно движење во интеграциите и надминувањето на билатералните проблеми.
Говорејќи пред регионалните политички лидери пак, германската канцеларка ја повторила својата поддршка за европската перспектива на Југоисточна Европа, оценувајќи дека „климата на уништувањето“ од минатото е заменета со обнова на ова подрачје, кое тежнее кон придружување во ЕУ.
„Во сите области работиме на реализација на европската перспектива за сите држави од Југоисточна Европа“, истакнала Меркел, додавајќи дека Германија не се откажува од овој пристап и дека сите германските политички партии ја поддржуваат европската перспектива на земјите од регионот.
Според нејзе, сите држави од регионот го одработиле својот дел во патот кон членството во Унијата.
„Кога говориме за овие теми секогаш се работи за политички пристап за расправање и решавање на судири. Пред 15 години во овој град се уште имаше видливи траги од воените случувања и затоа сакам да истакнал дека е добро што веќе не постои клима на уништување, туку на нејзино место има изградба и обнова“, рекла германската канцеларка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.