Контакт

Европа

ЕУ засега без коментар за победата на СИРИЗА

Објавено пред

Шефовите на европските институции, со исклучок на претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, засега не го коментираат исходот од парламентарните избори во Грција и победата на коалицијата на радикалната левица СИРИЗА.

dobivaj vesti na viber

„Му честитам на Алексис Ципрас и на СИРИЗА и им посакувам што побрзо формирање влада којашто ќе биде конструктивна и од внатре и кон европските партнери“, напиша Шулц на својот Twitter профил.Нему му се придружи и партискиот колега Џани Питела, шеф на социјалдемократската група на Европскиот парламент, кој во соопштението истакнува дека победата на СИРИЗА претставува почеток на крајот на мерките за штедење во ЕУ.Меѓутоа, ни претседателот на Европската комисија Жан Клод – Јункер, ниту претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој докажа од десна партија, до пладне не му пратија честитки, ниту го коментираа исходот на изборите во Грција, а нема ниту реакција од шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.Ова се смета за отстапување од обичајот на победниците на изборите во земјите членки, да им се честита неколку часа по затворањето на избирачките места, а аналитичарите коментираат дека тоа ја одразува вознемиреноста поради можностите Грција да одбие да ги извршува обврските кон странските кредитори.Честитки не се испратени ниту од поголем број од европските престолнини, но од некои земји стигна предупредување дека Грција мора да продолжи да ги исполнува обврските кон „тројката“, Европската централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд.Британскиот премиер, Дејвид Камерон на Twitter порача дека исходот од изборите ја зголемува економската несигурност во ЕУ, а неговиот коалиционен партнер Џорџ Озборн ја предупреди СИРИЗА да се однесува одговорно.Јенс Вајдеман, претставник од Европската централна банка изрази надеж дека грчката влада нема да ги доведува во прашање досегашните ангажмани, додека доста слична порака упати и белгискиот министер за финансии Јохан Ван Отервелт кој побара Грција да ги почитува правилата на монетарната унија. Во соопштението издадено од Елисејската палата, социјалистичкиот претседател на Франција, Франсоа Оланд, изразува желба да ја продолжи блиската соработка меѓу двете земји во функција на „развојот и стабилноста во еврозоната, во духот на напредокот, солидарноста и одговорноста која е во срцето на европските вредности коишто ги споделуваат“ Париз и Атина.Претседателот на Русија, Владимир Путин, пак, му ја честиташе победата на Ципрас истакнувајќи дека Русија е подготвена да соработува со новата влада./крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Објавено пред

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на околу 40 километри од границата со Украина.

dobivaj vesti na viber

Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот Гербер, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.

Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дронови влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Објавено пред

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.

dobivaj vesti na viber

Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони Ф-35.

Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.

Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како „чин на агресија“ и нагласи дека НАТО реагирал активно, вклучувајќи распоредување на холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и Варшава

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

НАТО: Упадот на руските дронови во Полска не го третираме како напад

Објавено пред

Ројтерс објави дека полските авиони Ф-16, холандските Ф-35 и италијанските авиони за надзор АВАКС учествувале во операцијата за заштита на полскиот воздушен простор во текот на ноќта.

dobivaj vesti na viber

Според извори на НАТО, инцидентот во моментов не се третира како напад. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала биле забележани од системите Патриот на радарот, но не отвориле оган.

Ројтерс потсетува дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.

Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека ова е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа3 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет3 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа3 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа4 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа4 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа4 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија14 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија17 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија21 час

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија21 час

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија22 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ24 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ24 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија1 ден

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ1 ден

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија1 ден

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...