Црна хроника
Албанската полиција заплени 880 килограми марихуана

Албанската полиција откри и заплени 880 килограми дрога од типот марихуана во две селски населби на градот Корча.
Во акцијата во која се притворени четири албански државјани, дрогата била пронајдена во 30 вреќи.
Според првичните информации на албанското МВР кои ги пренесуваат медиумите во Тирана, дрогата била наменета за странскиот пазар.
Изминатите два дена дрога е откриена и во северниот дел на земја. Во меѓувреме албанската полиција во неколку зони од земјата продолжува со акции за откривање и уништување на дрога од типот Канабис сатива- марихуана, која во основа е засадена во планинските делови од земјата. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.