Црна хроника
Граѓаните ќе може да пријавуваат кривични дела на интернет
Граѓаните од денеска ќе имаат можност да пријават кривични дела преку интернет страницата на Министерството за внатрешни работи (www.moi.gov.mk), односно електронски да пријават одредено дело, сознание или информација кои се однесуваат на областите на злоупотреба на деца, трговија со луѓе и криминал од омраза, односно повикување на насилство.
Пријавувањето на апликацијата “Црвено Копче“ на кое било од посочените кривични дела не мора да биде само од страна на жртвата, туку и од страна на некој што има какви било сомненија или информации за случајот, и при тоа пријавите може да се доставуваат и анонимно, односно без да се открива идентитетот на пријавителот. Бидејќи станува збор за исклучително сериозно сомненија, секоја намерна злоупотреба на апликацијата ќе биде дополнително истражена и соодветно санкционирана. За секоја од областите апликацијата нуди детални објаснувања за опфатот и описот на кривичните дела, а користењето е максимално поедноставено.
По однос на злоупотребата на деца, апликацијата нуди можност да се пријавуваат конкретни случаи на злоупотреба или случаи на злоупотреба на интернет. Во зависност од пријавеното, информацијата од граѓаните веднаш ќе биде доставена на постапување во соодветната организациска единица на МВР.
Инаку, согласно Законот за правда за децата, дете е секое лице на возраст до 18 години, а децата – жртви уживаат засилена заштита и поддршка и со нив се постапува со почитување на нивното достоинство.
Согласно Кривичниот законик забрането е полови дејствија со дете кое не навршило 14 години, наведување дете на вршење полови дејствија, наведување поттикнување или посредување на дете заради вршење проституција, прикажување порнографски материјал на дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување и закажување средба со дете кое не навршило 14 години по пат на компјутерско-комуникациски средства, физичко и психичко малтретирање на дете, запоставување и економско искористување на дете, напуштање на дете со цел негово трајно ослободување, формирање вонбрачна заедница со дете и точење и продавање алкохолни пијалоци на дете.
Во однос пак на пријавувањето на случаи со трговија со луѓе проектот опфаќа повеќе сегменти. Подобрување на системот на идентификација преку изготвување на стандардни оперативни процедури за идентификација и постапување со потенцијални жртви на трговија со луѓе помеѓу илегалните мигранти и изготвување на индикатори за идентификација на жртви на трговија со луѓе и деца по видови на експлоатација. Потоа, воспоставување на централизирана интерна база на податоци за лица жртви и стoрители на трговија со луѓе заради зајакнување на системот за одговор на институциите во случаите на трговија со луѓе и изготвување програма за помош и поддршка при реинтеграција на жртви на трговија со луѓе и деца.
Последниот сегмент од апликацијата „Црвено копче“ се однесува на пријавувањето на криминал од омраза и повикувањето на насилство. Со оглед дека ова е понова област, ги информираме граѓаните дека согласно законите тоа е криминал мотивиран од нетолеранција кон одредени групи во општеството, заснован на предрасуди.
Инаку со воведувањето на можноста за „он-лајн“ пријавување, не престанува досегашната пракса на користење на телефонската линија “192“, односно таа и натаму останува отворено за постојан контакт со граѓаните./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

