Европа
Мухамед е најпопуларното име во Британија?!
Името Мухамед ги престигна имињата Џек и Оливер на листата на најпопуларни имиња за машки деца во Велика Британија, покажа годишно истражување објавено во понеделникот.
Според истото истражување, најпопуларни имиња за женските деца се Софија, пред Емили и Лили. Најголемото напредување кај женските имиња го направило името Нур, а во првите сто му се приклучило на уште едно муслимански име – Маријам, покажува анкетата на интернет страницата BabyCentre.
Многу популарно, кога станува збор за женските имиња, станало и Елза, благодарејќи на ликот од „Фрозен“, анимираниот хит на Disney.
На листата со машките имиња, повторно меѓу првите сто се проби името Џон, на 98-то место, некогаш најпопуларното име во Велика Британија, коешто е зад имињата Али, Илај и Мајло.
Кралските имиња, како Чарлс, Вилијам и Хари испаднале од мода, покажало споменатото истражување направено врз основа на 56.157 членови на страницата кои добиле принова во 2014 година.
Според британските медиуми, пак, најверојатно дека оваа анкета ги занемарува сеопфатните статистички податоци достапни од официјалните британски служби, кои го опфаќаат периодот до 2013 година. Според нив, името Мухамед било 16-то најпопуларно име за момченцата во Англија и Велс, и 52-ро меѓу најпопуларните во Шкотска.
Имињата избрани преку селекцијата што ја направиле корисниците на The BabyCentre.co.uk, веројатно покажува повеќе на демографската структура на корисниците на страницата, отколку за генералниот тренд во Британија, коментира во понеделникот весникот The Guardian.
Се наведува и дека Мухамед може да стане во одреден момент најчестото име во Велика Британија, и тоа како резултат повеќе на имиграциските отколку на културните трендови. Имено, во текот на последните неколку децении повеќето родители барале поширок спектар од имиња за свои деца, додека Мухамед останува константно најчестото во муслиманската заедница.
Процентот на муслиманската популација изнесува 4,8 отсто, додека најпопуларното име за момчиња во Англија и Велс – Оливер, им било дадено на само 1 процент од бебињата родени минатата 2013 година. Шеснаесетто место за името Мухамед е показател за помалата варијанта на имињата кај муслиманската заедница, заклучува The Guardian.
Името Мухамед е на врвот од најпопуларните имиња за машки новороденчиња и во истражувањето што го спровел посебно весникот The Daily Mail, потпирајќи се на официјалната статистика од почетокот на 2014 година.
Според ова рангирање, кога ќе се собера сите варијации на името Мухамед, Мохамед и Мохамад има 7.445 поени. За споредба, пак, пишува The Guardian, варијациите на пример на Оливер и Оли според ова рангирање би имале 7.749 поени, додека на Хари и Хенри 9.136 поени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

