Надворешна политика
Бесими во Париз на средби со француски дипломати, главна тема политичката состојба во Македонија
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, од среда престојува во дводневна работна посета на Париз, во рамки на која тој се обрати на одбележувањето на Меѓународниот Весак ден на УНЕСКО и оствари средби со Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во француското МНР, и со Директорот на Европската унија во Министерството за надворешни работи, Пјер Леви.
За време на средбата беа дискутирани актуелните теми, предизвици и случувања во поглед на политичката состојба во Македонија и значењето од што поскоро проширување на Европската унија кон земјите од западен Балкан од аспект на постигнување на поголема безбедност, стабилност и просперитет во регионот.
Во своето обраќање во УНЕСКО на тема: „Негување на мирот во светот низ културното образование“, Бесими истакна дека исказот на Буда дека „Преку нашите мисли го создаваме светот„, е со моќна порака…. А зарем постои подобар начин да ги оформиме нашите мисли освен преку образованието, меѓукултурниот дијалог и транскултурното разбирање…, каде учиме дека треба да градиме не само географски туку и силни духовни мостови помеѓу луѓето, каде учиме да ги прифатиме другите и за возврат да ја прифатиме нашата улога во изградбата на мирот. Едноставно треба да делуваме обединети за да се справиме успешно со предизвиците со цел воспоставување на траен мир.
Одбележувањето на Меѓународниот Весак ден претставува културен, религиозен и хуманистички настан, кој од 2000-та година се одбележува во седиштето и регионалните канцеларии на Обединетите Нации, со гости од повеќе од 35 држави во светот, кој цели кон развој на свет во кој владее обединетост, правда и мир./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.