Црна хроника
ВИДЕО: Четворица загинати и над 20 повредени во сообраќајка кај Солун

Најмалку четири лица загинале и 23 се повредени во голема сообраќајна несреќа крај Солун, пренесуваат во неделата грчките медиуми.
Според новинските извештаи, несреќата настанала кога товарно возило удрило во колона формирана поради поправка на автопатот Игнациа, од границата на Турција до брегот на Јонското Море. Засега се знае дека се загинати еден маж и две жени.
Локалните власти соопштија дека од засега непознати причини возачот на камионот не ја намалил брзината кога наближил кон колоната и едноставно се зарил во другите возила. Од ударот еден автомобил се запалил а уште околу 40 возила се оштетени. Пожарот набрзо бил изгаснат, но од возилото е извлечено јагленосано тело.
Грчката сообраќајна полиција го блокираше делот од автопатот во близина на местото на несреќата, и го пренасочи сообраќајот по заобиколен пат, на 75 километри западно од Солун. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.