Црна хроника
Бездомничка во „Чичино село“ заробила и малтретирала штитеник во центарот
Бездомничка, сместена во Прифатниот центар „Чичино Село“, заробила и малтретирала штитеник во центарот, кој бил со нарушено ментално здравје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Четириесет ишестгодишната А.А., од март до септември годинава, го заклучувала 39-годишниот штитеник во соба со катанец, а на прозорците заковала решетки за да не избега.
Исто така, таа физички и психички го малтретирала лицето и го принудувала да питачи по улиците во Скопје, а парите што ги собирал и ги давал на неа.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А. заради сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“, а судот и одреди мерка притвор во траење од осум дена.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.