Европа
Демонстрантите во Гармиш обвинија за полициска бруталност и над 100 повредени
Повеќе од сто луѓе се повредени во острата полициска акција со употреба на солзавец во текот на протестите против одржувањето на самитот на челниците на седумте индустриски најразвиени земји Г7 во саботата во Гармиш-Партенкирхен, изјавија за медиумите во неделата официјалните претставници на организаторите на протестот под мотото „Стоп Г7“.
Во замокот Елмау, претворен во суперлуксузен хотел, недалеку од Гармиш-Партенкирхен во Баварија во недела и понеделник ќе се одржи средбата на челниците на ткн „Голема седумка“, Германија, САД, Канада Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија. Русија, која во „седумката“ влезе во 1998 година во форматот Г8, во 2014 година беше фактички отстранета поради кризата во Украина.
Во саботата во Гармиш-Партенкирхен, на 20 километри од замокот Елмау, се одржа протест во кој според податоците на полицијата учествувале 3.600 луѓе. Демонстрантите и медиумите, пак, известуваат за најмалку 7.500 демонстранти против економските состојби во светот и поради големиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Самитот, инаку, ќе го обезбедуваат 17.000 припадници на разни оддели на полицијата и на безбедносните служби.
„Протестот беше чисто мирен. Полициската акција беше неоснована и жестока. Одговорноста за ескалацијата целосно паѓа врз полициските службеници кои со палки ги тепаа луѓето кои седеа на земјата. Неоснована беше и употребата на солзавец. Како резултат на тоа имаме над сто настрадани од солзавецот и десетина повредени“, изјавија во неделата организаторите на протестот „Стоп Г7“. Претходно во саботата германската полиција објави дека едно лице е пренесено во болница поради повреди во текот на судирите.
Полицијата претходно објави и дека протестот минал мирно од страна на демонстрантите, кој завршил со нивно разотидување. Сепак, демонстрантите преку социјалните мрежи и медиумите соопштија дека не можеле да се вратат во нивниот камп подигнат во четвртокот и биле принудени час и половина да минат на силен дожд или да седат на подот во малата локална станица.
„Ние на одевме на никакво контакт со полицијата, туку од наша страна ги запазивме и продолжуваме да се придржуваме до сите прописи“, соопштија во неделата демонстрантите./кај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.
Европа
(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка
Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.
На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.
Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.
Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.
„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.