Црна хроника
Вкупно 19 мигранти се обиделе да се прошверцуваат низ земјава

Вкупно 19 мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан биел фатени во неделата во обид да се прошверцуваат низ земјава.
Во неделата вечерта во 20.30 часот ма магистралниот пат Неготино-Градско, при контрола на автомобил „Ивеко“ со полуприколка „ШмиТ3 управувано од прилепчанев биле најдени девет илегални мигранти од Сирија.Мигранти биле затеканти и на патто во правец од село Слупчане до село Ваксинце. Извршен бил преглед на автомобил „опел астра“ со кумановски регистерски ознаки кајшто биле затекнати седум авганистански државјани. Во автомобил „фиат браво“ биле пронајдени уште тројца државјани на Авганистан. Мигрантите ги шверцувале двајца малолетници од кумановското село Ваксинце.Сите се приведени и против нив ќе следува пријава./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.