Скопје
Трајановски побара дополнителна помош од општините за расчистување на последиците од поплавите

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион, побара дополнителна помош од општините за расчистување на последиците од катастрофалното невреме.
Трајановски побара од општините да се вклучат со дополнителна помош, и тоа, хуманитарна помош како главен приоритет, работници и механизација. Во однос на механизацијата, Трајановски информираше дека на терен се потребни мали камиони – скипери. Градоначалниците од општините од Скопскиот плански регион истакнаа дека нивни екипи се веќе активни на терен и дека ќе пратат и дополнителна помош, а исто така ќе апелираат и приватните фирми со кои соработуваат за да се обезбеди дополнителна механизација. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски денеска со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон.
„Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ниво. Уште од денеска се зголемува бројот на хигиеничарите на терен, со работа во две смени, сабајле и навечер, и механизацијата што ја изнајмуваме се пушта целосно во погон“, рече Герасимовски.
На состанокот со раководителите на сектори од општината, Герасимовски изјави дека мора да се отпочнат и буџетските форуми кои беа најавени.
„Ги најавивме и мора да ги отпочнеме буџетските форуми, и јас предлагам да не чекаме ноември, туку уште од оваа недела да ги договориме истите, да видиме колку ќе одржиме оваа година дали ќе биде еден поголем или неколку помали и еден завршен поголем. Мислам дека треба урбаните заедници да одбереме три каде што би ја одржале три посебни форуми и дополнително еден голем каде што ќе ги донесеме заклучоците за програмата“, посочи Герасимовски.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)